Брош
Rubia tinctorum
Брошот е многугодишно тревесто растение, со корен што ползи, и четирирабесто стебло. Високо до метар и половина, дебело пола сантиметар. Цветовите се жолтозелени. Коренот е црвеникав, дебел околу 1 см.
Хемиски состав:
Билката содржи 2 – 3.5 проценти ди и триоксиантрахинови гликозиди – руберитринова киселина, галиозин и др. При распаѓањето на гликозидите се добиваат состојките кои обојуваат, ализарин, пурпурин, и др.
За брошот карактерен е нефролитичкиот ефект, кој што има способност да ги исфрла камењата од бубрезите и мочниот меур.
Најголем лековит ефект има кај камења, на кои составот им е од фосфорно кисели соли на магнезиум и калциум. Мокрачата под влијание на брошот се обојува во црвено. Обојувањето настанува после 3-4 часа после земањето
За време на користењето на брошот, треба да се пие многу вода, до 1, 5 литри на ден.
Спрема рускиот научник Соколов, главното дејство на коренот на брошот е да ги разложува камењата во бубрезите и бешиката. Механизмот на неговото делување е поврзано со руберитриновата киселина, која допринесува урината да биди кисела, а чија последица на тоа е распаѓање на камењата. Оттука повеќе внимание се посветува на состојките кои обојуваат, кои меѓусобно делуваат со фосфатите и оксалатите на калциумот и магнезиумот.
Исто така , овие материи го намалуваат тонусот на мускулатурата на бубрегот, а истовремено ја зајакнуваат нивната перисталтика и создаваат услови за елиминација на вишокот материи. Оваа билка, исто така, има и антивоспалително својство кај воспалителни процеси во бубрезите, мочниот меур и зглобовите.
Се користи кај колитис со пролив и за регулирање на менструацијата.
Ефектот на брошот:
- разградување на урати, оксалати и фосфати;
- елиминирање на болката при мокрење;
- елиминирање на тупа болка во бубрезите;
- подобрување на метаболизмот на водата;
- намалување на тонусот и зајакнување на перисталтичките контракции на мускулатурата на бубрежната карлица, како и уретерите, што придонесува не само за придвижување на камењата, туку и за нивното исфрлање;
- Општо земено, брошот ја иритира слузница на желудникот, зголемувајќи ја киселоста на желудечниот сок.
Брошот го поттикнува исфрлањето на мокрачата, а исто така делува како средство за детоксификација и носи разновидна корист за здравјето на матката.
Има диуретски ефект и го подобрува варењето.
Оваа билка помага во лечење на камен во бубрег и бешика.
Се користи кај воспаление на бубрезите и бешиката, слаба менструација, кај болести на коските, како помошно средство кај поединечни врсти на доброќудни анемии, кај воспаление на мокрачните канали, кај болести на слезината, кај ноќно мокрење, кај туберколоза на коските.
Нашата народна медицина го користи брошот и кај остеофити (шилци),
Брош – нус појави
- Срцева инсуфициенција
- Кај цироза
- Бубрежна инсуфициенција
- Чир на желудник и 12 палачно црево
- Гломерулонефрит и тубулоинтерстициален нефрит