Филипендула (Filipendula vulgaris)

Филипендула 

Filipendula vulgaris

 

Куќен аспирин кој го појачува имунитетот и го намалува целулитот, а пак аспиринот го добил името по неа……..

 

Φилипендулата – filipendula vulgaris- или обичната филипендула, е трајна зељеста билка од фамилијата рози –  розацее. Стеблото е високо од 60 до 80 сантиметри, танка , исправена, гола, и разгранета во горниот дел. На жилите од коренот се развиваат округли задебелувања. Долгите листови се перести, составени од 8 до 25 пара пиласто нарежани ливчиња, измеѓу кои растат ситни, голи ливчиња. Листовите наизглед потсетуваат на ајдучка трева и обично недостасуваат во горниот дел на билката. Таа има бели цветови, двополни, крупни миризливи, сложени во 6 до 10 см долги метличасти цветови на врвот на билката. Привлекува многу бубачки , посебно пчели и пеперутки. Плодот е кратко влакнесто оревче кое содржи многу семчиња. Самата успешно се засадува.

 

Латинското име на родот Филипендула потекнува од зборот филум – што значи конец, и пендулус – што значи – висечки. Тоа е заради задебелувањето на коренот, по што изгледа дека задебелените корени висат на конец. Името на врстата – вулгарис, значи обичен, вообичаен, широко распространет.

 

Освен ова име, билката е позната и под името Spirea vulgaris…..  и по неа аспиринот го добил името – А (аспиринот е ацетисална киселина) + спир (од спиреја) + ин.

 

Листовите содржат 150 до 200 мг витамин Ц и 5 мг каротин.

 

Одлична медоносна билка од која пчелите собираат нектар и полен.

 

Расте до 1300 м надморска височина.

 

Цвета од јуни до јули. Плодовите созреваат од јули до август.

 

Од хемиски состојки содржи салицилати, флавоноиди и танини ( од танините најчесто потекнува трпкав вкус на зелено овошје)

Традиционално се користи кај проблеми како што се чир на желудник и кај тегоби кои потекнуваат од лоша работа на цревата – спора работа на цревата или мрзливи црева.

 

При заболувања на бубрезите, мочниот меур, срцева инсуфициенција, кожни заболувања, епилепсија, крварење од матката, камен во бубрег, мигрена, хемороиди, остеохондроза, гихт, реума.

При реума, гихт, заболувања на мочните канали и бубрезите, отоци, нервни растројства, растројства на стомакот и цревата како цирози, гастро рефлукс, гастрит, чир на желудник, колит, холестицит, панкреатит итн.

Се користи при папиломи кај мочниот меур, гастрит со намалена киселост, чир на желудник.

Филипендула е многу корисна и лековита билка која недоволно се употребува. Нејзината употреба започнала пред два или три века т.е значително се спомнува во книгите за лечење со билки. Ова растение кое се наоѓа на влажните ливади секако треба се сврсти во својата домашна билна аптека.

Филипендулата  содржи салицилни соединенија кои во органите за варење се претвораат во салицилна киселина, соединение кое ги намалува воспаленијата и ја ублажува болката. Компанијата БАЕР салицилните соединенија ги заштитила под комерцијално име АСПИРИН. Филипендулата баш како и овој прочуен лек се употребува за висока температура, реума, артрит, воспаление на мускулите.  Исто така медуниката покажала добри резултати во лечење на главоболка, забоболка и болка во зглобовите.

Покрај салицилатите, медуниката содржи и танини и флавоноиди кои ги смируваат мускулните грчеви и ги решаваат проблемите со дигестивниот тракт. Украинските научници го потврдиле благотворното делување на медуниката на чирот на желудник.

Оваа билка делува и антисептично, посебно кај инфекија на уринарниот тракт. Се препорачува и во третманите за слабеење, посебно кај оние луѓе кои се склони кон задржување и натрупување на течности во организмот.

Филипендулата го поттикнува потењето па затоа се препорачува кај зголемена температура, грип и настинка. Додека липата и бозето предизвикуваат потење само кај болните луѓе кои што страдаат од некоја врста вирусна или бактериска инфекција, медуниката помага на сите да се препотат и да се чуствуваат подобро.

Во етеричното масло на оваа билка има и ванилин кој и дава пријатен мирис. Во средниот век медуниката се додавала во пивото и виното заради подобар вкус. Медуниката не треба да ја земаат луѓе кои се алергични на аспирин, диклофен, ибупрофен,  или оние кои страдаат од астма.

Други несакани ефекти не се познати.

Лековито делување

– против воспалително

– антипиретично (ја намалува температурата)

– локално го собира ткивото

Против воспалителното и антипиретичкото делување се припишува на салицил – алдехидот од кој во организмот се создава салицилната киселина.

ТРАДИЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА

Се користи кај :

  • Акутен и хроничен ревматизам

– болки од артрит

  • Зголемена температура

– за подобро лачење на мокрачата

  • Како тоник за зајакнување

Се препорачува во рецепти кај онкологија, ревматизам, физички напор, за женско здравје и за закрепнување на целиот организам.

Салицилатите кои се наоѓаат во оваа билка помагаат да не се лепат тромбоцитите, а со тоа да не се создаваат тромбови. Благодарение на тоа се спречува мозочен удар и инфаркт.

Во време на грипови и настинки често се зголемува температурата, а да се справиме со неа, да се спасиме од вирусите и да го зачуваме имунитетот одлична помош ни даваат билките.

Филипендула при цистит

Воспалението на мочниот меур или цистит е распространета болест помеѓу жените кое создава голем дискомфорт. Филипендулата со нејзините против воспалителни својства, може да се спротивстави на оваа болест.

Филипендула при псоријаза

Народните средства , вклучувајќи ја и оваа билка, можат да се користат и надворешно, за да се намали или спречи и таква болест како псоријазата. Таа делува против воспалително и го забрзува процесот на регенерација, а со тоа ја подобрува состојбата на кожата. Но псоријазата, во овој случај, не бара само лечење надворешно, тоа е комплицирана болест кај која е неизбежно лечењето на организмот внатрешно.

Филипендула при гихт

Согласно со статистиката, секоја година расте се повеќе бројот на луѓето кои страдаат од гихт. Основната причина е метаболизмот. Во вакви случаи лечењето со филипендулата, која што изобилува со диуретично својство, помага да се исфрли мочната киселина од организмот. Освен тоа, растението намалува болка и воспаление.

Филипендула при депресија

Билката изобилува со широк спектар на делување, така што се применува и во лечење на депресијата, зашто има успокојувачко дејство. Филипендулата се препорачува за нервни заболувања, бидејќи ја стабилизира работата на нервниот систем. При нејзина употреба може да се справи со несоница, стрес и други проблеми.

Филипендула во козметиката

Бидејќи растението изобилува со антиоксидансни, противвоспалителни и антибактериски својства, можи да се употребува и во козметиката без никаков проблем.

Често се употребува оваа билка, која се справува со воспалителните процеси, независно од каде потекнува нивната природа.

Помага да се намалат и исчезнат подочњаците.

Го стабилизира тонусот на крвните садови а со тоа помага да се справи со лошиот изглед на попуштени капилари.

При секојдневна употреба ја навлажнува кожата и  ја прави поздрава.

  1. При проблеми кај косата, помага кај себореа и паѓање на косата, ја заштитува од кршење и ја прави косата поцврста.

Филипендула – контраиндикации

  1. Кај некои луѓе може да предизвика алергија. Секогаш проверете дали сте алергични со мала доза од билката.
  2. Не се препорачува да се мешаат народните рецепти со други средства од седативни карактеристики.
  3. Не се препорачува кај трудници и оние кои дојат.
  4. Екстрактот од филипендула изобилува со силни диуретични својства, заради тоа треба да се внимава на водниот баланс, т.е да не дојде до дехидратација.
  5. Не се употребува при низок притисок .

Растението е многу декоративно во време на цветање.

Во народната медицина растението се употребува , при чир на желудникот, епилепсија, каснување од бесно куче, при камења во бубрег и жолчка, мигрена, кожни болести, поврзани со лош метаболизам, каснување од отровни змии, како средство за запирање на крварење од матката, хемороиди, ревматизам.

Значи да повториме – за што се помага филипендулата

  • Хемороиди
  • Бело прање
  • Реума
  • Анемија
  • Главоболка
  • Пролив
  • Чир на желудник
  • Несоница
  • Акутни респираторни заболувања
  • Слабеење
  • целулит

 

Коментари

коментари