Видец
Euphrasia officinalis
До сега беше во фамилијата на Scrophulariaceae, а сега е преместена во фамилијата Orobanchaceae.
Видецот е едногодишна билка која можи да се пронајди на сувите ливади. Висока е од 5 до 15 сантиметри. Има назабени листови и цветови со бела боја или светло виолетови бои , со жолти дамки.
Интересно е што таа е полупаразит. Со своите корења се прицврстува за ливадската трева од која што ги црпи минералните соли.
Еуфрасија на грчки значи радост.
Во народот уште го нарекуваат и „ очита на Божјата мајка“ бидејќи со долгогодишна традиција потврдено е дека е идеален природен лек кај болести на очите.
Многу научници верувале дека може да им го поправи видот и на оние постари од 70 или 80 години.
Видецот и денес е достапен и делотворен лек на сите оние кои мака мачат со видот и болестите на очите, без разлика дали е збор за старост, инфекции или некоја друга причина.
Состав и лековитост на видецот
Видецот содржи: етерично масло, гликозид ринантин(токсична состојка), аукубин, ресин, каталпол, галотанин, аукубозид, киселина еуфрастан, флавоноиди, танин, смола, восок, бета каротин, витамини Б,Ц, Д и Е.
Народната медицина во него препознала единствено средство кое може да помогни кај сериозни очни проблеми.
Го смирува воспалението на окото, го поттикнува зацелувањето, делува против вируси и бактерии во окото, го ублажува чуството на сувост и болки во очите.
Делотворен е кај притисок во окото и умор на самото, после долг период покрај компјутер, на промаја и во зачадени простории.
Носи олеснување и претставува природна алтернатива на конвенционалните капки за очи и други средства кои се користат во лечење на очните проблеми.
Кога сме кај очите, видецот можи да помогни кај следниве проблеми :
- Инфекции на окото
- Алергиски реакции
- Ирити (воспаление на ирисот)
- блефарит (воспаление на очните капаци)
- кератит (воспаление на рожницата)
- воспаление на веѓите
- воспаление на солзните канали
- кратковидност
- сувост или умор на окото
- иритации
- глауком
Од него се прават облоги против јачменчиња на окото.
Иако е најпознат во лечење на болести на окото, видецот помага и кај респираторни проблеми, како што се бронхитис, ринитис и грип.
Видецот добар е и кај зарипнатост, воспаление на синусите, желудникот , цревата и простатата.
Исто така видецот ја зајакнува интелектуалната способност и служи за превенција од намалување и губиток на памтењето.
Видецот е способен да ја намали киселоста на желудочниот сок, па затоа се употребува кај хиперацидни гастрити.
Билката ја стимулира регенерацијата на црниот дроб при хепатит.
За надворешна примена (како бањи, облоги) видецот одлично се комбинира со цвет од бозе и плод од копар.
Ги ублажува болките во желудникот и ги намалува пречките во варењето на храната.
Се препорачува и кај алергиски ринит, бидејќи го намалува солзењето на очите, како и пецкање и црвенило како за пиење , така и за ставање како облоги.
Позитивно делува кај главоболка, несоница.
Малку е познато лековитото делување на видецот кај труење со никотин или алкохол, и таму тој го ублажува влијанието на токсините во телото.
Позитивен резултат се добива поради активирањето на снабдувањето со крв и метаболизмот во окото на мрежницата и оптичкиот нерв.
Клетките и леќата добиваат заштита од дејството на слободните радикали и на тој начин го намалуваат ризикот од дегенерација на ткивата поврзана со возраста, развој на миопија, катаракта, глауком и други дисфункции предизвикани од природното стареење.
Видецот е посебно лековит и кога се зема внатрешно, но мора да се зема секојдневно, подолго време. Нема никакви контраиндикации, така што без страв можи да се зема долго време.
Од оваа билка се лечат :
- Воспаленија на веѓите и капаците
- Дамки на рожницата; – се користи :
- Воспаление на солзните жлезди.
- Коњуктивит
- Блефарит
- Дакриоцистит (воспаление на солзната кесичка)
- Висок очен притисок;
- Катаракта;
- После повреда на очното јаболко;
- Намалување на видот
Исто така се користи и за следниве болести :
- Пореметување на варењето
- Зголеменост на киселина во желудникот
- Катар на желудникот
- Жолтица;
- Ревматизам;
- Ангина;
- Немање на апетит.
Видецот содржи срцеви гликозиди и има хипотензивно и вазодилаторно дејство, и затоа се користи во многу срцеви дијагнози.
Одличен е за стимулирање на апетит. Тоа помага при истоштеност и дистрофија.
Се користи при воспаление на гласните жици, грип и настинки, ангина, бронхит, со тешко одделување на слуз.
Видецот – лек
Видецот има бројни лековити својства и најчесто се користи како лек за болести на очите. Заради богатството со нутритиенти се користи и како лек за други здравствени проблеми.
Некои од нив се : витаминот Б, Ц и Е како и бета каротин, алкалоиди, бројни антиоксиданси и слично.
Видецот можи да допринеси за бавен напредок на влошување на видот заради старост.
Да повториме :
Тој се користи за низа болести како на очите , така и на другите органи и тоа кај :
- воспаление на очите
- коњуктивит,
- катаракта,
- јачменче,
- респираторни проблеми (бронхит, настинка, алергија),
- кожни проблеми (акни и стрии)
- лошо памтење
- алергија на очите
- бронхит
- болести на црниот дроб
- болести на желудникот
- габична инфекција
- глувост и болка во уво
- грип
- грчеви на жолчката
- кандида
- крварења
- кашлица
- катар на црева
- катар на желудник
- синузит
- разни рани
Освен што се пие , може да се користи и надворешно, во облик на облога, како лек за болести на очите.
Благодарение на овие компоненти, видецот изобилува со силни противвоспалителни , седативни, хипотензивни и адстригентни својства (што значи стега, собира).
Освен тоа, билката видец делува како тонизирачко и закрепнувачко средство, кое го подобрува снабдувањето со крв на мозокот, го стимулира варењето на храната.
Флавоноидите и танините помагаат за справување со кожните болести, ги отсрануваат акните и апцесите. Видецот е полезен и при нервни напрегања, стрес и замор.
Седативните и спазмолитички својства се применуваат за отстранување на болки за време на менструација, бубрежни како и болки поврзани со црниот дроб.
Мелемот од видец помага при скрофулоза, панарициум(воспаление на прстите на рацете). Добар е кај брадавици, рак, дерматози, апцеси.
Исто така мелемот од видец широко се користи при гнојни заболувања на кожата, невродермити, детски диатези и егземи, треска, како и туберколоза на кожа кај деца.
А исто така може да се користи кај дистрофија, акни и стрии и габични инфекции.
Исто така како и кај најразличи рани……………
Што уште можи да помогни оваа билка ?
Уште во средниот век со видецот се лечеле болни од туберколоза, жолтица и бронхит, а со него му помагале на оние кои го губеле паметот и оние што страдале од епилепсија.
Се употребувала за следните болести :
- алергиска астма;
- настинка, ангина , синузит;
- гихт;
- нервни растројства;
- гастрит со висока киселост, колит, атонија на цревата, запек;
- потекување на лимфни јазли ;
- проблеми со црниот дроб;
- нарушување на паметта, подобрување на мисловниот процес, рассеаност;
- кожни заболувања (детска диатеза, дерматит, егзем );
- воспаление на простатата
Листот и цветот на видецот содржат срцеви гликозиди , при што се употребува во многу лековити рецепти за срце. Способноста на растението го стимулира апетитот и се користи во лечењето на дистрофија, анорексија и истоштеност.
Тинктурата од видец можи да се искористи за облога на следниот начин: Се тураат 30 капки од видецот во 250 мл млака вода. Од таа вода се зема и се користи за облоги.
Видец – нуспојави
Не се познати никакви нус појави кога видецот се користи внатрешно во умерени количини. Не се препорачува на трудници, доилки, а не им се дава во голема количина на луѓе кои имаат проблем со чиреви и проблеми со жолчката и црниот дроб.