Боболка
Боболката е малку заборавено но вкусно овошје, кое расте поединечно или е самоник.
Во нашите краеви се наоѓа црна, црвена и бела сорта, додека во светот постојат околу 100 видови.
Од сите овие врсти најароматична е црната боболка.
Боболката е листопадно дрво од фамилијата Morus, чии листови се основна храна на свилената буба.
Вергилиј (познат римски поет) за боболката напишал дека е најпаметна билка, бидејќи процветува најдоцна, чекајќи топло време.
Состав и лековитост на боболката
Плодовите на боболката содржат слободни органски киселини (лимонска и јаболкова ), витамини Ц, Б,К, А и Е, железо, калиум, манган и магнезиум, пектини и други корисни материи.
Поседува голема количина антоцијанини.
Експертите тврдат дека боболката заслужува да биде сврстена во суперхрана, бидејќи спречува стареење на организмот и помага кај многу болести.
Во лечење се користат плодовите, листот и кората.
Црна боболка
Црната боболка се корист против воспаление на мочните канали, болести на усната шуплина и грлото, епилепсија, депресија, несониа, вртоглавица и кај каснато од бубачки и змии.
Свежите незрели боболки се применуваат против пролив, а зрелите како благ лаксатив.
Нивнито сок е добар за искашлување, потење и мокрење, за испирање кај воспаление на грлото и устата.
Листот на црната боболка е народен лек за снижување и регулација на шеќерот во крвта па често се применува во чајните мешавини за диабет.
Бела боболка
Белата боболка има голема примена во козметиката.
Се наоѓа во составот на многу козметички препарати за избелување на кожата, отстранување дамки и флеки, бидејќи содржи инхибитори кои ја намалуваат синтезата на меланин.
Исто така се употребува во составот на препаратите против стареење на кожата, за третман на кожата околу очите, за тонизирање и чистење на лицето.
Во лечењето се користи како и црната боболка.
Забележано е дека делува кај артрит, очни болест, слабост на организмот и за опуштање на нервниот систем.
По Џонатан Хартвел, авторот на книгата „Билки против рак“, сокот од белата боболка може да помогне кај тумор на грлото.
Кора од боболка
Уште од времето на Диоскорид, горчливата кора на боболката се користи како лек против цревни паразити а посебно тенијата.
Кората лечи болести на цревата, диспепсија а со тоа помага кај труење со храна, алкохол и печурки.
Правот добиен од кората на боболката се употребува надворешно во облик на мелем за брзо зараснување на рани, а одвар од кората се пие против висок крвен притисок.
Лековити својства на боболката:
- го подмладува организмот
- чисти паразити
- го регулира нивото на шеќер во крвта
- го намалува ризикот од дегенеративни болести
- ги зајакнува бубрезите
- го чисти црниот џигер
- помага кај запек
- ја подобрува крвната слика
- ги ублажува симптомите кај настинка и грип
- помага кај труење со храна, алкохол, печурки
- спречува создавање бели влакна
- го забрзува зарастувањето на рани
- се користи против висок притисок
Рецепти од боболка
Плодовите од боболката и кората се собираат од јуни до август, а листот во пролет. Дрвото не го напаѓаат никакви штетници, така што станува збор за еколошки плодови. Боболките можат да се јадат свежи или да се исушат.
Во готвењето боболката може да се користи како било кое друго овошје – од неа се прави сок, слатко, сладолед, сос, се користи за подготовка на десерти и колачи.
Чај од лист на црна боболка против дијабет
Прелијте 50 грама лист од боболка со пола литар жешка вода и оставете го 10 часа. Прецедете и пијте во текот на денот.
Сируп против температура, воспаление и запек
Килограм боболки ставете во пола литар вода и додајте две лајци јаболков оцет. Оставете го да остстои 24 часа.
Следниот ден промешајте ја смесата со килограм кафеав шеќер или друг природен засладувач по ваша желба ( стевија, мед, јаворов сируп) и варете до саканата густина.
Ставете го во стерилизирани шишиња и пијте неколку пати на ден разредено со вода.
Напомена : Немојте да претерате со јадењето на боболки, бидејќи може да предизвика халуцинации и проблеми со варењето на храната.