Латинското име му е ononis, тоа доаѓа од латинските зборови магаре и полезен. И уште од многу одамна се користел за лечење на рани и тешко уринирање.
Кај зајачкиот трн најчесто се користи коренот, а може да се употребува и целата билка.
Содржи : етерично масло, танини, шеќер, сапонини, органски киселини, калциум, флавоноиди, лимонска киселина, од кои диуретичното својство на зајачкиот трн се должи на гликозидот ононид и сапонините,
Експириментите докажале, дека коренот од зајачки трн, е појак диуретик од коњското опавче и од магдоносот, кои се сметаат за појаки диуретици, што значи дека оваа билка е една од најјаките природни диуретици.
Некои автори тврдат дека зајачкиот трн има противвоспалително дејство, и затоа го употребуваат за цистити.
Се употребува за следните болести: како :, за лечење на асцит – водена болест, т.е насобирање на течност во стомакот и нозете, дијафоретик, т.е средство за потење , воспаление на бубрезите, камен и песок во бубрезите, гихт, реума, тешко уринирање, т.е простатити, фурункули, камен во жолчката, за нормализирање на работата на дебелото црево, а се користи и за забоболка.
Чајот од зајачкиот трн уште: ја чисти крвта, лечи катар на мочниот меур, многу е добар против болестите на срцето, т.е ја зголемува амплитудата на срцевите контракции, ја поттикнува работата на бубрежното ткиво , го зголемува крвниот притисок, а се користи и за болести на црниот дроб.
Многу важно е тоа што ја елиминира вишокот вода од организмот, а тоа не мора да бидат асцити.
Со самото тоа што билката е диуретик, билката може да се употреби и кај срцева слабост, бубрежни воспаленија, и отоци од различна природа.
Покрај тоа, ја отстранува вишокот мокрачна киселина од организмот, што значи е одличен за реума, гихт, а исто така отстранува и вишок слуз од белите дробови, што значи е погоден за бронхитис.
Водните и алкохолни екстракти придонесуваат за намалување на проникливоста и кршливоста на капиларите, а тоа е причина билката и препаратите од неа, да се применуваат како лек за, попуштени вени, хемороиди.
Чајот од зајачки трн е одличен за испирање на устата, бидејќи спречува крварења и е одлична превенција кај крварење на непцата.
Освен за внатрешна, зајачкиот корен се користи и за надворешна употреба, односно во форма на бањи, за лечење на дерматози и егземи.
Едно од најубавите својства на зајачкиот трн е дека го поседува својството да го „активира“ организмот за исфрлање на секаков вид токсини, и истиот да го поттикне на „рестартирање“.
Точно тоа својство, е многу полезно при обиди за забременување. Се користи рецептот за чај .
Да не заборавиме, дека оваа билка исто така е многу важна при една модерна болест – дебелината. Може да се користи и самостојно, но влегува и во составот на многу чаеви, кои го помагаат процесот на слабеење. Има својство да го забрза метаболизмот, така што се топат масните ткива, и се намалува апетитот.
Фурункулоза т.е воспаление на коренот од влакното, најчесто предизвикана од златниот стафилокок, Staphylococcus aureus.
Зајачкиот трн се користи и против целулит, кој е често проследен со задржување вода во организмот.
Многу важна улога има и во акушерството и гинекологијата. Така што чајот од оваа билка, се користи при патолошка бременост, проблеми со бубрезите-отоци, албуминурија и хипертонија, самостојно или во комбинација со други лекови. За тонизирање на мускулатурата на матката, и како средство за запирање на крварењата, после периодот на раѓање, и слично.
Успешно се применува во лечење на аденом на простатата.
Ако во некој случај, организмот не ви ја поднесува билката, можно е да се добијат стомачни киселини. Во тој случај да не се употребува оваа билка.
Важна напомена:
За време на конзумирање на оваа билка, потребно е да внесуваат доста течности, за да не дојде до дехидрирање.
Бидејќи зајачкиот трн има силно диуретично дејство.
Чај од корен од зајачки трн
1 супена лaжица ситно насечени корени се ставаат во 500 мл зовриена вода. Се вари 5 минути. Се остава два часа да се излади. Се прецедува и се пие по 1 филџан 3 пати на ден.
Се пие 10 дена, и се прави седум дена пауза