Пупки од топола – populus tremula
Пупките содржат есенцијално масло, гликозиди (популин и салицин), јаболкова, аскорбинска и гална киселина, витамин Ц, танини и средства за боење, горчлива смола, восок.
Тие се мали, до 1 см, лепливи, со темно кафена боја, зашилени од едната страна. Имаат прекрасен мирис.
Препарати од пупки од топола се користат како аналгетик и адстрингентно во хируршката практика, како и при радикулит, полиневрит, гихт. Во гинеколошката пракса, тие се користат за лекување на трихомонаден колпит – која е пренослива болест. Етеричното масло од пупки од топола во голема мера се користи во индустријата за парфеми.
Во народната медицина, екстрактот од пупки од топола се користи како дијафоретик – за потење, антипиретик – против температура, антибактериски. Диуретично и седативно при катар на мочен меур, хемороиди и гихт. Успешно се применува кај ревматизам, чешање на кожата, губење на косата.
Мелем од пупки од топола
Одлично делува при невралгични болки, артрит, болки во зглобовите, истегнати тетиви. Се употребува за растење на косата, одличен е кај рани кои не зараснуваат, гангрени, испукани пети, чиреви.
Исто така дејствува на дишните патишта на коските и мускулите, а има и противвоспалителен ефект. Помага при гихт, шилци, псоријаза.
При ринит и синузит се шмрка во ноздрите, разредено со вода 1 : 1
При симптоми на настинка (болки во грлото, кивање, кашлање, мускулни болки, општ умор и главоболка) – земајте ја тинктурата, по оваа шема – на 10 кг. телесна тежина по 3 капки и тоа – од 3-4 пати на ден на гладно.
Се прави и инхалација – врз мало тампонче од памук измешајте 3 капки от тинктурата со 3 капки вода и поставете го во двете ноздри. Оставете го 15-20 минути.
Мелемот од пупките од топола се користи за испукани усни, испукани брадавици на доилки, при реума, гихт, а посебно при хемороиди.
Настинката е најчесто инфективно заболување кај луѓето. Во било кое време секој може да се разболи. Дишните патишта се влезна врата за многу патогени, и затоа најчесто страдаат трахеата, бронхиите и белите дробови од последиците на инфекцијата.
Типични симптоми се болки во грлото, ринит, кивање и кашлање, понекогаш придружени со болки во мускулите, општ умор, нерасположение, главоболка и загуба на апетит. Ако се појават такви симптоми, не се колебајте, туку веднаш пробајте од тинктурата од пупки од топола.
Гаргарата е стар и докажан метод да си го навлажните грлото и да му дадете барем малку почивка. При болки во грлото, правете гаргара со тинктурата, а при затнат нос може да капете от неа растворено 1 : 1.
Пупките од топола се корисни за следниве заболувања.
- Хемороиди
- Гихт
- Уретрит
- холецистит
- Цистит
- Простатит
- Ревматизам
- Несоница
- Треска
- Неврози
- Невралгија
- Полиартрит
- Акутни респираторни заболувања
- Отоци
- Пролив
- Цироза
- Аденом на простата
- Камен во бубрег
- Хепатит
Својства на пупки од топола и нивната примена
Пупките од топола се многу богати со биолошки активни супстанции кои имаат антисептични, аналгетски и антиалергиски својства. Антисептичните својства на пупките од топола се поврзани со гликозидот пулпун, кој при подготовката на препаратите се хидролизира во бензоева киселина, која е силен антисептик. Експериментално е утврдено дека при приемот на популинот, а особено салицинот, добиен од тополата, нагло се зголемува исфрлањето на мокрачата заедно со мочната киселина.
Во народната медицина во многу земји, терапевтските особини на пупките од топола најчесто се користат за заболувања на урогениталните органи, и тоа : цистит, незадржување на мокрачата, болно мокрење (особено по операција), болести на бубрезите, сперматореја, бенигна хиперплазија на простатата, простатит. Пупките од топола се употребуваат во случај на цервикален цистит (воспаление на дел од уретрата на мочниот канал), кај хроничен уретрит, стеноза или стеснување на уретрата, коликулити, хемороиди, ректални фисури заедно со внесувањето на екстрактот од топола, се препорачува да се направи микроклизма со екстрактот од масло.
Покрај тоа, терапевтските својства на пупките од топола се ефикасни за невроза, разни видови на невралгија, и како средство за контролирање на менструацијата. Како антисептик и експекторанс , пупките од топола се користат за лекување на акутни воспалителни процеси во респираторниот тракт како и кај хроничен бронхитис.
- Еликсирот од пупки од топола изобилува со бактерицидно, противвоспалително, протистоцидно дејство. Се користи за лечење на рани, чиреви, изгореници, дерматити, еризипел, за лечење на гинеколошки заболувања, простатит, аденоми, убива стафилококи и стрептококи и многу други најразлични инфекции.
- Еликсирот од пупки од топола внатрешно се зема при канцерогени состојби, при кожни карциноми, базалиоми, гангрена, како средство кое брзо ја исфрла мокрачата како и мочната киселина, ги намалува киселините во стомакот, делува противвоспалително (при полиартртити) и седативно.
- Еликсирот од пупки од топола се препишува за болести на горните дишни патишта, при воспаление на мочниот меур, цистити, кај атонија на цревата, неврози, хемороиди, гихт, сперматореа, пролив.
Не смеат да го земаат – бремени жени и луѓе со хронични болести на стомачно цревниот тракт.