Галега (galega officinalis)
Таа е од фамилијата на Fabaceae (Leguminosae) —
Билката е позната на овие простори под овие имиња : ждралка или коњско ребро.
Латинското име на билката потекнува од грчкиот збор гала, што значи млеко.
Галегата е многугодишно тревесто растение со кус многуглав корен. Стеблото е исправено, од 40 до 50 см високо, голо, разгрането. Цветовите се во долги гроздовидни соцветија и се сместени во пазувите на лисјата по должина на стеблото. Венчето е бело до виолетово а составено од 5 нееднакви ливчиња. Билката е без мирис и со малку горчлив вкус. Цвета од Мај до Август.
Листовите и цветовите одделно, најмногу се употребуваат во рецепти против диабет.
Расте на влажно земјиште, покрај канали, ископини, по ливади и шуми до 1300 м надморска височина.
Во хербата од галега има од 0,11—0,2% алкалоиди. Содржи гванидинов дериват галегин, со хипогликемично дејство. Од билката изолиран е флавоновиот гликозид галутеолин, кој што се хидролизира во гликоза и лутеолин. Има и вазицинон, пеганин, рутин, кверцетин. Освен тоа, пронајдени се и флавоноиди, танини, витамин Ц, каротин, сапонини горчливи материи, шеќери и смоли. Семките содржат сахароза, стероиди, стахиоза, сапонини, алкалоиди, како и палмитинова, стеаринова, линолеинова киселина. Цветовите содржат флавоноиди а корените – тритерпеноиди.
Се верувало дека билката го поттикнува создавањето на млекото кај кравите, што подоцна е и потврдено. Исто така галегата се користела и во лечење на чума и грозница.
Покрај нејзиното силно дејство галегата нашла употреба во лечење на лесни форми на диабет а се користи и како помош при инсулинска терапија, а можите да ја користите паралелно и со други против – дијабетични средства.
Во нашата народна медицина галегата најдува примена уште како билка која го предизвикува и засилува потењето а го зголемува и млекото кај доилките.
Се користат само цветните врвови или херба Галегае.
Хипогликемичното дејство на растението е утврдено уште во 1927 г од научниците Симонет и Танрет. Тие виделе дека под влијание на гванетидиновиот дериват галегин, кој што го има во билката, шеќерот во крвта кај зајаците се намалил од 50 до 60 % од доза 750мг на килограм телесна тежина.
Научникот пак Сендраил забележал значително зголемување на бета клетките на Лангерхансовите островчиња, во корелација со намалувањето на шеќерот во крвта.
На доброволци кои имале нормално ниво на шеќер во крвта, галегинот во доза од 2-4 мг на килограм, води до намалување на шеќерот во крвта, кој настапува по 3-4 часа и продолжува околу 9 часа.
Поизразен хипогликемичен ефект се набљудува кај дијабетичари. Експириментално е докажано анти коагулационото дејство на билката.
Во народната медицина растението се применува како средство кое го подобрува потењето а се користи и против глисти. Таа е добар диуретик а многу била употребувана и при воспаление на мочните патишта. надворешно пак ја користеле за лечење на влажни егземи.
Денес најмногу се истакнува нејзиното позитивно делување кај шеќерната болест бидејќи ги поттикнува бета станиците на Лангерхансовите островчиња во панкреасот да лачат повеќе инсулин, со што се намалува нивото на шеќер во крвта.
Инаку , Лангерхансовите островчиња се ендокриниот дел на панкреасот а се во форма на тркалезен збир на епителни станици вклопени во егзокриниот дел на панкреасот. Такви ги има од 1 до 1,5 милион.
За таквото делување е заслужен алкалоидот галегин, иако тој во голема количина знае и да наштети.
Билката го намалува нивото на шеќер во крвта, т.е има слично дејство на инсулинот.
Хербата од ова растение има антибактериска активност.
Галегата се препорачува од нашата народна медицина за мачнина предизвикана од зрачење.
Пресно набрана билката се втрива при каснување од инсекти, се користи за ставање на лишаи како облога, а се употребува и како инсектицидно средство против муви, болви, лебарки и молци.
Надземните делови од растението имаат антибактериско својство. Екстрактот од галега ја зголемува содржината на глукоген во црниот дроб и толерантноста кон гликозата.
Ја инхибира инсулиназата на црниот дроб а галегинот го намалува количеството на гликоза во крвта па со тоа има слично дејство на инсулинот. Пеганинот пак ја тонизира мазната мускулатура.
Растението е медоносно. ……Околу него летаат многу пчели и тие собираат од еден хектар дури до 200 кг мед.
Галегата се користи :
за лечење на лесни форми на диабет и за зголемување на млекото кај доилките.
- одлична е како помошно средство при лечење на диабет
- нашла примена кај лечење на бубрезите и мочниот меур.
- докажано е нејзиното делување при зголемување на простатата
• се истакнува како средство кое предизвикува потење при настинка и температура. - добра е против глисти
• а се употребува и за зголемување на лактацијата.
Галегата може да се користи како чај и тинктура а надворешно во форма на мелем.
Галегата …………
го намалува шеќерот
одлична е против глисти
се користи за исфрлање на течности
го зголемува потењето
го подобрува излачувањето на млекото
има лаксативно дејство
ги стеснува крвните садови
го подобрува излачувањето на жолчката
има антимикробно дејство
делува против воспаленија
и е природен антибактериски лек
Лактогеното својство на галегата му помага на жените кои дојат да се справат со дефицитот на млеко. Тоа е познато од старо време, и затоа на младите мајки им се давала галегата. Растението ја забрзува апсорпцијата и обработката на телесните течности, и како резултат се добива зголемено количество на млеко.
Во случај на отоци и нарушувања во мокрењето растението се употребува како диуретик. Тоа помага брзо и лесно да се справите со овој проблем, намалувајќи ги воспаленијата во бубрезите, мочните канали и мочниот меур, и истовремено од нив ги исфрла песокот и камењата.
При каснување од змии и отровни инсекти народните доктори препорачуваат да се користи ова растение како средство за потење и мокрење, кое во најбрз можен рок ги отстранува отровните материи од организмот.
За луѓето кои имаат проблеми со метаболизмот, галегата исто така е многу корисна. Таа позитивно влијае на желудникот и црниот дроб, помага во нормализацијата на процесот на апсорпција и преработка. Забележано е дека, кога се користи правилно билката брзо се нормализираат сите метаболички процеси.
Заради оваа причина фитотерапевтите ја препорачуваат при дебелина или исцрпеност, поврзано со неправилен метаболизам.
Со благо лаксативно дејство, галегата може да се употреби во лекување на запек со помал интензитет и го запира истиот да се влоши и да премине во хроничен. Покрај тоа, лаксативното дејство на растението спречува крварење на хемороидите.
Способноста на галегата да ги намалува воспаленијата исто така е позната кај нашиот народ. Таа се давала при воспалителни процеси на системот за дишење, а исто така и кај жаришта во жолчката и жолчните канали.
Како природен антибиотик, растението е способно да го излечи човекот во максимално брзо време.
Но секако не треба да заборавиме дека за сериозни воспаленија како на пример бурно развивачка пневмонија третирањето само со оваа билка е неприфатливо и треба да се консултираме со доктор, кој ќе ни препише лекови.
Спомнавме дека лековитата галега многу добро помага во производството на млеко. Заради тоа било направено истражување. И тоа покажало дека кај сите мајки кои што учествувале во експириментот, млекото се зголемило неколку пати. Кај 30% од мајките верувале или не , млекото се зголемило дури 100 %. проценти.
При користењето на галегата Внимавајте !!!!
Не се употребува при висок крвен притисок, низок крвен притисок, бременост и поголеми проблеми со желудникот.