Бенедиктанскиот трн се одгледува, но расте и како полудива врста на суви места.
Како билна лековита суровина се употребува надземниот дел од билката во цвет.(Cnici benedicti или Cardui benedicti herba).
Бидејќи оваа билка спаѓа во горчливи ароматични средства, се користи рефлексно да предизвика лачење на плунка, сокови и ензими во дигестивниот тракт што овозможува подобро и комплетно варење на храната и го појачува апетитот.
Служи и како средство за јакнење и опоравување на организмот, а за поединечни состојки од бенедиктанскиот трн потврдено е дека делуваат на некои врсти микроорганизми.
Во средниот век барана е за лечење на голем број болести, посебно желудникот и болести на срцето. Мартин Лутер успешно ги употребувал плодовите од бенедиктанскиот трн кај болки во слезината.
Велат дека силната билна горчина всушност е вистински природен лек за сите болести.
Состав
Употреба
Навистина бенедиктанскиот трн се употребува за лечење на многу болести, но суштината е во тоа што го појачува целиот организам( го поттикнува метаболизмот да функционира што подобро, а со тоа се отстрануваат штетните материи од организмот – детоксикација),
Во прв ред желудникот- го зајакнува желудникот, го поттикнува да работи подобро, го подобрува апетитот, го регулира излачувањето на желудечен сок, гастрит, помага кај диспепсија, преладен желудник, катар на желудникот и на дванаестопалачното црево, хипоацидитет(вишок на желудочна киселина).
Се употребува за лечење на грозница, болести на крвта( ја чисти и ја појачува крвта, анемија, зголемени масти од холестерол и триглицериди, запира крварење).
Болести на срцето – зајакнување на срцето, аритмија, срцев тоник, арцева астма итн.
Болести на дишните органи – астма, катар на белите дробови, бронхиите и дишните патишта, воспаление на грлото и гркланот, воспаление на белите дробови, кашлица.
Кожни болести – акни, чиреви, изгореници, рани, убоди и каснато до отровни животни и инсекти, лупус, оштетена кожа.
Женски болести – закаснета менструација, менструални грчеви, ПМС, воспаление на матката, болки во матката, болни менструации и слично.
Главоболки, вртоглавици,
Болести на цревата – катар, паразити, тегоби кај празнењето на цревата, хемороиди, запек, гасови, разни инфекции, цревни грчеви и колики.
Болести на црниот џигери и жолчката – го подобрува излачувањето на желудочниот сок, ги прочистува жолчните канали, го зајакнува и чисти црниот дроб, помага кај жолтица.
Болести на уринарниот тракт – инфекции.
Водени болести – едеми, вода околу срцето, хидропсија, асцит, водени отоци на зглобовите, го зголемува волуменот на мокрачата.
Реума и гихт – ја отстранува мокрачната киселина и уреата од организмот.
Болести на нервите – хистерија, несоница, слаби нерви, анорексија, напнатост, невроза, хопохондрија, меланхолија.
Плодовите се добро средство за чистење(пургатив) и како средство за повраќање(еметик, вомитив) ако ги џвакаме и јадеме.
Кај тегоби со слезината и подмолни болки под ребрата се пие чај од плодовите на бенедиктанскиот трн.
Бенедиктанскиот трн оди во одлична комбинација со црвен кантарион, линцура, мента, пелин, ајдучка трева, ива трева и слично.
Кај нас се употребува многу ретко. Повеќе се троши во индустријата за производство на горки алкохолни десертни пијалаци отколку што се употребува во аптеките и фабриките за производство на лекови. Напротив, на Запад многу често и разноврсно се користи за лечење на органите за варење.
Бактерии и вируси
Научните истражувања го потврдуваат лековитото делување на бенедитканскиот трн на разни врсти бактерии (E. coli, Proteus, Pseudomonas aeruginosa, Staphylococcus aureus, Brucella, Streptococcus, Klebsiella, Pseudomonas).
Докажано е антивирусното делување на вирусот на херпес и инфлуенца.
Бенедиктанскиот трн не се зема кај повраќање, бидејќи се користи да се предизвика повраќање, т.е чистење на желудникот.
Кај воспаление на бубрезите не се користи.