Бела мртва коприва (Lamium album)

Lamium album – Lamiacee

Во лаичка примена разликуваме 2 врсти на коприва. Тоа се мртви и живи коприви. Живите коприви се оние кои ги журкаат прстите, како на пример Уртика (Urtica dioica). Оние кои што не журкаат спаѓаат во групата на ламиум, мртви коприви. Мртвите коприви се слични на живите, или оние кои журкаат, но имаат поиздолжен лист, големи цветови и четвороаголно стебло. Една од нив е и  Lamium album. Има бели цветови кои се наоѓаат во пазувите на лисјата.

Оваа билка ја најдуваме скоро насекаде, а расте посебно на запуштени места.

Белата мртва коприва во почетокот е без мирис, а подоцна има нешто неугоден мирис. По вкус е слузава и оштра.

Се собира во цвет или уште подобро билката кога цвета сосе корен.

Хербата од бела мртва коприва содржи: флавоноиди, фенолкарбонска  киселина, танини, иридоиди, секоиридоиди, тритерпентски сапонини, сапонизиди, фитостероли, слуз, амино и масни киселини.

Белата мртва коприва е скоро заборавена билка која традиционално се користела за третирање на гинеколошки проблеми. По системот „ женска билка “, се користела за цела палета женски болести:

За воспалителни процеси и болести на јајниците

Миоми на матка

Хормонален дисбаланс

Преобилни и нередовни менструации

Но и за дисбаланс во менопауза

Па се до бактериски и габични вагинални инфекции.

Некогаш се користеле купки и напарување – или стоење над пареа, а денес се почесто е испирање или купка со иригатор.

Lamium album e повеќегодишна зељеста билка, со долг ползечки ризом. Расте до 50 см, исправена и покриена со бели влакненца. Листовите се распоредени еден кон друг со срцево – јајчест облик, на врвот зашилени. Цвета во лето.

Активните супстанции на белата мртва коприва локално го собираат ткивото, го ублажуваат воспалението на кожата и слузокожата, ја намалуваат пропустливоста на капиларите, го смируваат чешањето и делуваат благо локално анестетично.

Во современата фитотерапија белата мртва коприва се употребува кај катар на горните дишни патишта, за испирање кај благи воспаленија на слузокожата на устата и грлото,

Еден од рецептите за употреба на белата мртва коприва за бело прање е следниот :

Бела мртва коприва, линцура, троскот, коњско опавче и бисерок.

За воспаленија користиме :

Црвен кантарион, горчлива детелина, камилица и бела мртва коприва, бреза

Еве една одлична комбинација за женски чај:

Камилица, бела мртва коприва, бисерок и кантарион, лист од орев.

Белата мртва коприва се користи кај воспалителни болести на бубрезите и целиот уринарен систем, како и кај :

дијареа,

жолтица

анемија

висок притисок

нервна возбуда и несоница,

респираторни заболувања,

кај проблеми со органите за варење, како на пример кил на желудник,

делува смирувачки

одлично  средство за прочистување на крвта.

Покрај тоа, се користи како адстрингентно  и средство за запирање на крвта кај белодробно, хемороидално и крварење од матката,

цистит

уретрит,

нефрит,

пиелит,

уртикарија како  и за лечење на рани.

Во народната медицина, препаратите од хербата на белата мртва коприва се користат за нарушена и болна менструација,

спазми на мочниот меур,

воспаление на бубрежните легенчиња и нефрит,

нашите предци ја користеле против:

туберкулоза,

бронхит,

ангина

скрофулоза и  кожни болести

Исто така, надворешно, подготвена во вид на мелем се користи за модринки,

егзема,

уртикарија,

дијатеза

како и за третман на рани и изгореници.

Кај депресија може да се користи и самостојно и во комбинација со други билки.

Мелемот од билката се користи против чешање кај нервозни осипи и чиреви.

Белата мртва коприва се употребува како антивоспалително средство за време на болки во грлото.

Се употребува во препарати кои се користат кај алергиски дерматитис, псоријаза, акни, и слично

Белата мртва коприва во прв ред е одлична лековита билка во лечење на нередовни менструации, а посебно кај преслаби менструални крварења.

Каде се се користи белата мртва коприва :

  1. При воспалителни процеси на урогениталниот систем.
  2. Во случај на метаболички нарушувања.
  3. Кај депресија.
  4. При дефицит на витамини.
  5. Кога имаме крварење.
  6. При кашлање и проблеми со горните дишни патишта.
  7. Против болка.
  8. Во нарушувања на нервниот систем.

Посебно се препорачува мешавина на бела мртва коприва со бисерок и ајдучка трева за чистење на крвта.

Со самото чистење на крвта се помага кај егземи, скрофули, слабокрвност, отечена слезина, ждригање и притисок во желудникот.

Многу често се употребува кај воспаленија на дишните патишта, бронхијални воспаленија, градни болести, па дури и кај туберколоза настапува подобрување со земање на оваа билка.

Тука исто оваа билка е одлична за несоница, за нерви.

Полезни својства на белата мртва коприва :

  • Делува смирувачки
  • Има аналгетско дејство – против болки
  • Таа е одличен диуретик
  • Има својство да го поттикнува производството на жолчни сокови
  • Билката е одличен извор на витамини
  • Изобилува со антивоспалителни својства
  • Тонизира
  • Има експекторантно дејство (за искашлување)
  • Стега – адстригентно дејство

Народната медицина ја фали белата мртва коприва како лек против несоница, нервна премореност и против појава на белковини во мокрачата – албуминурија , а кај гнојно воспаление на прстите – панарициум , болниот прст се става повеќе пати во раствор со бела мртва коприва.

Отворени рани на нозете или изгореници се лечат со мелем или со свежа билка од бела мртва коприва.

Многу добро делува кај болки , грчеви заради камен во бубрезите.

Кнајп препорачува да се пие кај астма дневно 3 пати мешавина од коприва и бела мртва коприва.

За зајакнување на нервите се препорачува подолго време земање на бела мртва коприва 3 пати на ден.

Кај грчеви во бешиката, кога мокрењето е пропратено со големи болки, се пие днево 3 до 4 пати од оваа билка.

Хербата од ова растение делува : антисептично и антивоспалително, а исто така покажува диуретичен ефект. Слузта што ја содржи билката  ја обложува иритираната кожа на органите за дишење и варење, го разредува густиот бронхијален секрет и ја олеснува неговата елиминација.

Се препорачува кај :

кашлица и бронхитис за искашлување

кај дигестивни тегоби во пределот на желудникот и цревата

како благ диуретик

Во народната медицина се користи за ублажување на тегобите во менопаузата, за вагинално испирање кај бело прање – леукореа, како и за испирање на кожата кај егземи и првут.

Белата мртва коприва е многу популарна кај народните доктори. Нејзините корисни својства се користат за:

  • лечење на разни гастроинтестинални заболувања, дигестивни нарушувања, дизентерија и многу други болести;
  • кожни болести како што се: акни, фурункулоза, егзема, уртикарија, дијатеза кај деца.

Во овие случаи, не е само ефективно внатрешна употреба, туку и надворешна, во вид на мелем или крем;

  • разни алергиски реакции;
  • болести на мочниот меур и бубрезите. Белата мртва коприва има добар диуретичен ефект;
  • разни крварења (матка, бели дробови, хемороиди, итн.).
  • нервни болести, несоница, неврастенија (инфузијата има забележителен седативен ефект);
  • надворешно третирање со мелем за хемороиди;
  • пневмонија, бронхитис, трахеит, бронхијална астма и други белодробни заболувања.

Белата мртва коприва е добар експекторанс и има антивоспалително дејство. Гаргара со оваа билка лечи ангина, фарингит и тонзилит;

  • главоболка, забоболка и болка во срцето (тревата има изразен аналгетски ефект);
  • Надворешо помага за заздравување на рани и изгореници.

Не се препорачува да ја користат трудници, лица со висок крвен притисок, оние што имаат запек.

Контраиндикации, несакани ефекти и интеракција со други лекови не се познати.

Коментари

коментари