Астрагалус (Astragalus membranaceus)

 

Астрагалус

Astragalus membranaceus

Астрагалусот е растение од семејството на Легуминосе, со многу долга историја како помошник за имунитетот. Неговите корени се од традицоналната јапонска медицина во која што се користи како адаптоген преку 1000 години- што значи – дека му помага на телото да се бори со стресот и болестите. Денес билката се користи за лечење на мнгоу различни болести.

Многугодишно растение, наречено уште млечен корен или Хуанг – чи, расте во северните и источните региони на Јапонија. Исто така се најдува и во Монголија и во Кореја.

Корените на астрагалусот се собираат од 4 годишни растенија и тоа е единствениот дел кој што се користи за лек..

Астрагалусот содржи 3 компоненти, кои што му даваат на растението да има такво добро дејство врз човечкото здравје : сапонини, флавоноиди и полисахариди, кои што се активни состојки, и ги има во некои растенија, вклучувајќи некои плодови и зеленчуци.

Оваа билка се нарекува и живот бидејќи го подобрува и продолжува животот.

Кинеската народна медицина го користи коренот на ова растение како примарен лек за исцрпеност и кај преголема работа на телото. После страдања од тешки болести и губење на силата. Во ваков случај астрагалусот се комбинира со елефтерокок и ашваганда.

Како имуностимулирачка билка се користи за превенција кај настинки, болки во грлото,

Го отстранува заморот и недостатокот на апетит по хемотерапија.

Се користи кај бубрежна инсуфициенција или откажување на бубрезите

Помага кај пролив и ноќно потење

Има добри резултати кај астма и артритис

Посебно се препорачува после инфаркт

Астрагалусот успешно се користи кај повеќе типови на канцери

Тој е одличен антидепресив

Ја нормализира состојбата на коагулиција во крвта и обезбедува заштита од формирање на тромбови и тромбоемболија од едната страна а истовремено прави да престане внатрешното крварење од друга страна.

Со ширењето на крвните садови се подобрува ефикасноста на срцето, успешно се употребува кај хронични кардио васкуларни заболувања, кај коронарна артериска болест, ангина пекторис, срцеви мани, како и лек за да се спречи срцев удар.

Оваа билка се користи кај најразлични болести на мозокот. И тоа: вртоглавица, тинитус – шум во ушите, треперење , тетеравење, а се користи и за едем на мозок и хематоми.

Во Европа моментало се испитуваат  неговите полезни својства при алцхајмер.

Одличен е како закрепнувач по претрпен мозочен удар и со негово редовно користење заштитува од втор удар.

Астрагалусот го нормализира варењето на храната.

Нашол примена во лекување на гастрит, стомачни чиреви, дуоденални чиреви.

Официјалната медицина го препознава астрагалусот како ефикасна алатка за лекување на разни болести кај бубрезите како хроничен нефритис и гломерулонефритис.

Aстрагалусот е богат со Селен, антиоксиданс кој се користи како заштита и поддршка на имуниот систем за превенција против грип и настинка како и респираторни инфекции.

Кај болестите на органите за дишење, бидејќи поседува антибактериски, антивоспалителни и антивирусни својства, астрагалусот се користи за лекување на грип, сарс, акутни респираторни инфекции, тонзилит, како и акутен и хроничен бронхит, пневмонија како и други белодробни заболувања вклучувајќи и емфизем.

За женското тело се користи за лекување на неплодност, ослабување на мускулатурата на матката, ерозија на грлото на матката, при крварење, болна менструација, како и средство за забрзана размена на течности.

Ова растение се користи во народната медицина, за бенигни и малигни тумори на женски репродуктивни органи, како канцер на матка, канцер на грло на матка, канцер на јајници и дојка

Ние го користиме орално во форма на капки, а може и да се подготви мелем, со кој се мачкаат градите и грбот при сува кашлица, со што се разредува слузта.

Се препорачува да се пие како превентива за време на епидемија од грип и други настинки.

Го подобрува варењето и помага да се ослободиме од запекот.

Ја зголемува работата на срцето и го штити од високиот крвен притисок.

Со редовна употреба може да се постигнат трајни резултати.

Бидејќи содржи уникатен комплекс на супстанции, со земање на астрагалусот се обезбедува нормална работа на мускулите, и заради овие карактеристики официјалната медицина го користи за лекување на разни мускулни дистрофии.

Оваа билка нашла примена во лечење на ревматизам, остеохондроза, деформации кај артроза, артрит и полиартрит.

Растението го потиснува растот на клетките од ракот, а ние лично по препорака на најдобрите руски доктори и научници го користиме во комбинација со други лековити билки, и нивното дејство е засилено неколку пати повеќе.

Се употребува кај хемотерапија, радиотерапија како и зрачење.

Кај нервниот систем официјалната и неофицијалната медицина, го забележале благотворниот ефект на астрагалусот, па со земање на оваа билка, се нормализира општата ментална состојба кај човекот. Затоа се употребува кај анксиозност, депресија, раздразливост, вознемиреност, немир, несоница и стресни ситуации.

Спомнавме дека најдува примена и кај рани, чиреви, крварење, воспаление, изгореници, разни кожни лезии, исеченици, гребнатини, и сето ова се лекува надворешно со мелемот од астрагалус.

Со зголемување на циркулацијата на крвта во мозокот, помага да се зголеми концентрацијата како и опоравувањето после претрпен исхемичен мозочен удар.

Астрагалусот се користи како за зајакнување на имунитетот, така и за нормализирање на хормоналната рамнотежа како и метаболизмот.

Се препорачува како средство за контрола или редукција на висок физички и психички стрес, хроничен замор како и за опоравување од сериозни болести.

Го забавува процесот на стареење и имаме информации од научната елита за подмладувачкиот ефект на растението. Токму заради тоа за оваа билка многу се зборувало и најмоќните лидери ја користеле до крајот на нивната кариера.

Уште од времето на Советскиот период, голем број луѓе, поточно во Кремаљ, достигнувајќи ги своите постари години, сепак останале во релативно добра физичка и интелектуална кондиција. Заради тоа астрагалусот е наречен – БИЛКА НА ЖИВОТОТ или онаа која дава живот.

Тој ја враќа бодроста на старите лица, а дава здравје и сила на младите.

Истражувањата докажале дека со земањето на астрагалусот се подобрува составот на крвта кај пациентите со апластична анемија.

Спомнавме дека се употребува за лечење на кардиоваскуларни болести, ја користиме оваа билка за намалување на холестеролот.

Одлична е кај луѓето со хепатит и служи за обновување или регенерација на црниот дроб.

Добра е кај сезонски алергии и алергиски ринитис.

Со неговите антитуморни ефекти астрагалусот помага во лечење на меланом и леукемија.

Неговото диуретично својство го намалува отокот на нозете и асцит , посебно предизвикан од бубрежни и срцеви заболувања.

Поради  смирувачкиот ефект се користи кај раздразливост, зголемена ексицитабилност.

Помага кај луѓе на кои им е нарушено спиењето.

Го смирува нервниот систем, ја намалува главоболката и емоционалниот стрес

Ги шири крвните садови на мозокот, со што се подобрува протокот на крвта, па со тоа го снабдува целиот организам со потребната количина на кислород.

Секој организам е индивидуален, па затоа е невозможно е да се предвиди реакција на нов лек во комбинација со астрагалусот.

Билката нема несакани алергиски реакции, но секогаш треба  да внимаваме со секоја билка, поради индивидуална нетолеранција кон компоенентите.

Се користи при изгореници, кај ангина , стоматит, периодонтит.

Бидејќи астрагалусот ја подобрува циркулацијата на крвта, главно може да се користи кај хематоми, а научниците тврдат дека за оваа состојба е многу подобар и од гинкото.

Тинктура од астрагалус : 40 гр корен на 400 мл ракија 21 ден на темно место.

Оваа доза може да се користи кај оштетени и истегнати зглобови и кај ревматизам.

Тинктурата го зајакнува телото, ја појачува и ја обновува крвта.

Во препорачани дози астрагалусот нема несакани ефекти и генерално е безбеден.

Не се препорачува кај бремени жени, при доење и кај многу мали деца. Ова се должи на фактот што се уште оваа билка не е целосно испитана во овие случаи.

Да се внимава кај луѓе кои имаат автоимуни болести , бидејќи го стимулира имунолошкиот систем !!!

Коментари

коментари