Ашваганда – Withania somnifera
Ашвагандата или withania somnifera е грмушка со средна големина, која достигнува најмногу до 1.70 висина и дава мал црвен плод. Таа е растение от семејството на(Solanaceae). За лечење се користи коренот.Расти во топли климатски услови, а потекнува од североисточниот дел на Индија. Денеска билката успешно се одгледува во многу делови на Индија, Непал, Пакистан, Шри Ланка и Бангладеш. А почнува да се одгледува и кај нас.
Оваа билка има повеќе имиња – зимска цреша или индиски жен шен.
По полезните својства не отстапува од јапонскиот и американскиот брат т.е јапонскиот и американскиот жен шен.
Латинско име withania значи онаа што му дава виталност и сила на коњите, а somnifera – онаа што носи сон
Содржи многу активни состојки од кои главни се алкалоидите – меѓу нив најпознат е витанинот.
Таа е прав рудник на минерали и на биолошки вредни компоненти, како што се калциум, магнезиум, железо, цинк, кобалт, бакар, ванадиум, виталактони, фенолни компоненти и танини, а тука се и флавоноидите, протеините и слободните аминокиселини, сапонините, гликозидите и алкалоидите.
Ашвагандата содржи многу корисни лековити елементи, вклучувајќи ги и стероидните лактони, колините, масните киселини, амино киселините и разни видови на шеќери. Таа можи да помогни кај замор, недостаток на енергија и потешкотии во концентрацијата. Медицинските научници ја проучувале ашвагандата со години, па се извршиле преку 200 истражувања за лековитото делување на оваа билка. Ова се само дел од испитувањата кои докажале за што се ова растение помага.
Заради високите вредности на нејзините елементи што ги има во составот, ашвагандата ги има следните благодети: ги елиминара и последиците од напорните денови, и му помага на организмот лесно да се бори со стресните ситуации, па со тоа го прилагодува на разни неповолни околности – студ, жештина, физички и психички напор, жед, глад, недостаток на кислород па дури и борба против радијација.
Во историските книги имаме потврда дека ашвагандата била многу омилена лековита билка. Ја преферирале заради нејзиниот широк спектар на делување и многуте добробити за здравјето. Робин Лан Фокс познатиот англиски историчар во својата книга за Александар Македонски пишува како во тоа време од ашвагандата се правело вино кое се користело за терапевтска намена. Александар и неговата војска го пиеле тоа вино за да ја зголемат својата енергија и сила, а со ова растение се лечеле и од многу болести. Нормално е најдобрите војсководци, да ги користат најдобрите билки, па со примената на овие растенија имале сила да освојат многу земји. Имаме спомнато дека, билките кои растат на нашето поднебје, делуваат најдобро, па ашвагандата ни најмалку не е толку далечна билка за нас, бидејќи нашите предци се лечеле со неа.
Го штити имунолошкиот систем
Се бори против дегенеративните заболувања на мозочните станици
Го стабилизира нивото на шеќер во крвта
Помага во намалувањето на холестеролот
Ја зголемува полната моќ
Го подобрува учењето, памтењето и времето на реакција.
Успешно се употребува во процесот на зацелување на рани
Има позитивно влијание и го спречува развивањето на маларијата
Лечи несоница и хроничен умор
Се користи во лечење на астма и бронхитис
А се употребува и за детоксикација на организмот
Ашвагандата му е потребна на сите како дополнение во исхраната, бидејќи помага и го контролира стресот, уморот, недостатокот на енергија како и слабата концентрација. Лошиот начин на живеење секојдневно остава трага во здравјето на нашиот организам, затоа, не е лошо да се има ова тајно оружје. Таа е и многу силен антиоксидант, кој што ги пронајдува и уништува слободните радикали, а тие, се одговорни за многуте состојби и болести во процесот на стареење.
Инаку, важно е да напомениме дека адаптогените билки ја зголемуваат отпорноста на телото кон широк спектар на „непријателски состојби“, адаптогените имаат улога да го „нормализираат“ организмот, односно да ги исправат пореметувањата предизвикани од стресни состојби и агенси, без да му наштетат на човекот.
Како билка со адаптогени предности ашвагандата, содржи комбинации на аминокиселини, витамини и разни други елементи, кои му помагаат на вашето тело да се одбрани од анксиозноста и несоницата.
Таа е одличен сојузник во борбата против многу болести и најразлични тешки ситуации. Посебно кај луѓе кои што се опоравуваат од долготрајно лечење.
Неправилната прехрана, отровите од опкружувањето, имаат лошо влијание на нашиот нервен систем, затоа, оваа билка ни е прва помош кај депресијата и нервните заболувања.
Помага во борба против запекот.
Го штити желудникот и цревата од настинки и најразлични улцерозни заболувања.
Го регулира системот за варење.
А го штити и црниот дроб.
Примена на ашвагандата кај мажи.Таа има способност да го повишува тестостеронот кај мажите а се употребува кај заболувања и растројства од половата сфера како полово бессилие или импотенција и предвремена ејакулација, Одлична е за опоравување а се употребува и при мрзливост на сперматозоидите и нивна намалена количина, болести на простатата и друго.
Тинктурата од ашвагандата се употребува и за жени. Многумина знаат дека тоа дека е растение за мажи, но и жените тука имаат место. Како на пример…Спречува појавување на ендометриоза, миоми, фибромиоми, мастопатии и други заболувања. Ги нормализира хормоните. Го намалува предменструалниот синдром и со тоа ги олеснува симптомите на менопауза.
Го стимулира работењето на женскиот репродуктивен орган.
Добра е за да се подобри физичката состојба на органите после раѓање или операции. Со незе лесно и добро се преминува климактериумот, ја нормализира менструацијата, многу се користи при губење на косата т.е. келавост кај жените а се применува при неплодност или стерилност.
Токму заради тоа скоро сите производи на пазарот, таблети и капсули, кои што се наменети за зголемување на потенцијата и плодноста содржат и ашваганда. Но важно е да нагласиме дека во нивниот состав има и многу опасни состојки, кои можат и да ви наштетат. Затоа е најдобро да се зема коренот од ашвагандата како чиста тинктура.
Најдобро делува навечер пред спиње зашто смирува и пожелно е тинктурата да се зема со млеко.
Го унапредува физичкото и менталното здравје пред се, па е одлична за луѓето кои што се изложени на големи физички и психички напори.
Има смирувачко влијание на организмот, а во исто време му дава и сила, енергија и будност, за разлика од седативите кои што го опијануваат.
Идеална е за опоравување после тешки болести како и хроничен умор.
Луѓето кои што ја користат оваа билка имаат чуство дека му го подмладува целото тело.
Ги зајакнува и урамнотежува органите на телото, а со тоа се бори против менталниот, емотивниот и физичкиот стрес.
Ја подобрува концентрацијата памтењето и разбирањето на нови работи.
Да кажеме кои се нејзините индикации:
Атеросклероза
Општа исцрпеност и пад на енергија
Слабост на мускулите и ткивата
Умор, несоница, период на оздравување
Полова слабост
Сперматореа, полуции
Нервна исцрпеност
Губиток на памтењето
Предврено стареење
Слабост кај децата
Парализа
Склероза
Проблеми со видот
Ревматизам
Кожни болести
Кашлица
Тешко дишење
Анемија
Циркулација
Застои во варењето
Неплодност
Потекување на жлездите
Хипертиреоза, хипотиреоза
Болки и исцрпеност во грбот и колената
Заради високата вредност на своите компоненти, ашвагандата ги има и следните благодати:
Делува на сите ткива и ги храни,
најповеќе на мускулното,
на метаболизмот на масти,
на коските,
на мозокот,
на нервите,
на репродуктивниот систем.
Позитивно влијае на белите дробови, на бубрезите, помага кај алергии, таа е една од најдобрите билки за УМ – Го разбиструва, негува и урамнотежува умот , што е важно да се чуствувате среќни кога имате ментален и емоционален стрес а исто така ги регенерира и хормоните.
Ашвагандата посебно е делотворна кога се работи за дисбаланс на хормоните во организмот. Сите знаеме дека рамнотежата на хормоните е пресудна за одржување на многу психо – физиолошки процеси во организмот. Било кое пореметување на ендокриниот состав може да има последица на нашето здравје, а ашвагандата содржи одредени споеви на алкалоиди кои се ефикасни и кои ја нормализираат работата и ги регенерираат хормоните во организмот.
Оваа билка е позната по силното делување, при што помага, умот и телото подобро да се прилагодат на стресните ситуации. Ги храни нервите и го подобрува нервниот систем при што се задржува смиреноста во текот на денот и ноќта.
Withania somnifera помага кај :
- Периферниот и централниот нервен систем па со тоа врши подмладување;
- Го зајакнува имунолошкиот систем и прави потиснување и инхибирање;
- Му помага на срцето и дишните органи
- Ги штити крвните садови а го потиснува создавањето на капилари, и ја намалува температурата
- кај лимфата пак – го нормализира бројот на имунолошките клетки.
Одамна се знае за антираковиот ефект на состојките во тинктурата од корените на ашвагандата, вклучувајќи го и нејзиното противотуморно својство(при што ги убива ракови клетки) а се користи и против метастази.
Спомнавме дека основни состојки кои се наоѓаат во екстрактите на Withania somnifera се алкалоиди и стероидни лактони, вклучително тропин (tropine) и кушохигрин (cuscohygrine). Растението содржи стероидни лактони, витанолиди (withanolides), и пред се витаферин А (withaferin A), кој што е првиот виналоид, изолиран од сомниферата, и таа е една од најдобрите проверени супстанции на кои составот му е со потврден антираков ефект.
Посебна примена има при болестите на централниот нервен систем а поспецијално при епилепсија, невродегенеративни болести како Алцхајмер и Паркинсон, дискинезија, церебрална исхемија како и аналгетик – против болки и помош во лечењето на зависност од пушење и наркоманија.
Ашвагандата помага, како регулатор на дисбаланс преку дејствување на невроендокриниот и имуниот систем.
Истражувањата покажуваат, дека ашвагандата ги има следниве својства:
- противвоспалително;
- противотуморно;
- таа е антиоксидант;
- има имуномодулаторен ефект;
- му помага на ендокриниот систем;
Инаку, сите механизми на дејствување не се потполно откриени. Токсиколошките тестови покажуваат, дека ашвагандата и нејзините екстракти се потполно безопасни.
Оваа билка покажува огромен потенциал како безопасен, ефективен и нискотоксичен неопластичен агенс.
Лечењето со ашвагандата води до нормализирање на бројот на леукоцитите во лимфата. Оваа билка покажува аналгетски и антипиретичен ефект со што ја намалува температурата. Научниците докажале дека може да се користи кај компликации на местата каде што има отоци и проширување на воспаленијата, без да предизвика оштетување на дигестивниот тракт.
Има и Противобактериски и противогабични својства: Протеинот од ашвагандата WSG (Withania somnifera glycoprotein) демонстрира потентна антибактериска активност кон фитопатогени габи и бактерии како :
Aspergillus flavus – (аспергилус флавус)
Fusarium oxysporum – (фусариум оксиспорум)
Fusarium verticillioides – (фусариум вертицилоидес)
и антибактериална активност кон
clavibacter michiganensis ( клавибактер мичиганенсис).
Овој гликопротеин е киселински, нетоксичен (трипсин-хемотрипсин) протеазен инхибитор.
Билката има и имуномодулаторен, имунопотиснувачки ефект:
тоа значи дека помага против воспалителни заболувања, и може да се користи кај алергии.
Му се препорачува на спортистите за поголема издржливост и побрзо опоравување после напор и повреда.
Одлично го зајакнува имунолошкиот систем без трошење на телесните резерви.
Ги зголемува сите три аспекти на умот: разбирањето, памтењето и сеќавањето.
Ашвагандата помага за координација на умот и сите други сетила што е многу важно за добар и квалитетен сон.
Таа прави да се зголеми осетливоста на раковите клетки кон делувањето на терапијата која што се врши со зрачење. Па бидејќи ги штити здравите станици, канцерозните ги прави подложни на терапијата, го запира нивното растење, па со тоа оваа билка има многу важна улога во современото лечење на канцерот.
Ова растение е одлично после третман на зрачење и хемотерапија затоа што брзо ги отстранува несаканите ефекти и токсините.
Оваа билка помага во борба со било кое надворешно влијание што доведува до нерамнотежа во телото. Таа има антивоспалително и аналгетско дејство.
Ја намалува болката кај воспалителни состојби кои што се појавуваат после повреда.
Ашвагандата има многу елементи кои се посебно корисни во спречувањето на болестите на срцето како што е миокардијална некроза и висок крвен притисок. Заради овие карактериски стекнала популарност како кардио протективен анти оксидант.
Оваа навистина чудна билка со широк спектар на делување го подобрува:
Апетитот и варењето
Помага кај грчеви во желудникот
Делува како тоник за срце
Ефикасна е кај хипертензија
Го зголемува либидото на мажите и жените
Има поволно дејство кај респираторните органи, па со тоа му помага на организмот да се ослободи од вишокот на слуз, на пример кај астма посебно се користи помеѓу нападите.
Поволно делува на станиците на кожата, а се употребува кај сите типови на егземи, лузни и псоријази.
Поседува антивоспалителни својства заради што е ефикасна за лечење на артритис, и други ревматски болести.
Го смалува воспалението, отеченоста и болката во зглобовите.
Ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции.
Имуностимулирачкото пак својство на ашвагандата е потврдено со многу клинички испитувања.
Посебно е прикладна за постари луѓе.
Го штити организмот од вируси, бактерии и паразити.
Се препорачува кај срцеви заболувања кои се пропратени со јако чукање на срцето, тешко дишење, стегање во градите, болка во пределот на срцето, сува кашлица, срцева слабост, при што може да се појават темни подочњаци, па таквите луѓе во многу случаи чуствуваат страв, секирација, нервоза, а можат понекогаш да паднат и во бессознание. Оваа билка има природно својство и способност да ги лечи овие појави.
А сега збор два за начинот и употребата на ашвагандата
Тинктурата се подготвува 1: 5 и се користи во доза од 20 капки на 60 кг телесна тежина, 3 пати на ден.
При подолго користење на пример 3 месеци без престан, добро е да се направи 10 дена пауза .
Важно е да знаеме и тоа дека билката не предизвикува зависност.
Традиционално ашвагандата спаѓа во категоријата на расајани – или подмладувачи на организмот.
А се користи како тоник за виталност и долговечност.
Длабоко продира во ткивата и ја чисти нечистотијата.
Некои фитотерапевти ашвагандата со право ја нарекуваат “Индиски жен-шен”, со што ја споредуваат со сличната употреба на јапонскиот жен шен при лечење на многу различни заболувања.
Кога сме кај жен шенот, Во едно истражување на група мажи и жени, кои 40 дена редовно земале ашваганда, се открило дека припадниците на таа група што ја земале оваа билка постигнале подобри резултати во тестовите на логичко размислување, решавање на проблемите и навремена реакција отколку припадниците на другата група кои што земале жен шен.
Во составот на ашвагандата се откриени повеќе од 20 витанолиди. Најдобро е проучен витафарин А, но само кај раковите заболувања. Механизмите за дејствувањето на целиот екстракт за различните ефекти се се уште биохемично, цитолошки и хистолошки нејасни.
Витанонот е една од состојките на ашвагандата и делува на ацетил холинот,кој пак е невротрансмитер и врши нервно мускулна трансмисија а исто така се јавува како еден од
основните невротрансмитери во парасимпатичниот нервен систем на човекот. Тој го урамнотежува нервниот систем, ја стабилизира електричната активност на невроните, го забавува распадот на адреналинот и ја нормализира функцијата на хипоталамусот. Освен тоа витанонот го подобрува функционирањето на дишните т.е. респираторните и вазомоторните центри па на тој начин се стабилизира крвниот притисок и со тоа се овозможува оваа билка да делува на телото седативно и антистресово, хипотензивно и антикомвулзивно т.е. антиепилептично против напади.
Сомниферинот пак ја зголемува антиоксидантната заштита на клеточните мембрани, па со тоа ја спречува активноста на моноаминооксидазите и не му дава да истечат на овие невротрансмитери.
Природните антибиотици кој што се наоѓаат во ашвагандата се борат против размножувањето на стафилококите, гонококите, хемолитичките стрептококи и колибактериите.
Ашвагандата го подобрува варењето, а од тоа произлегува брзо распаѓање на самите масти кои се претвораат во мускулна маса. Освен тоа земањето на оваа билка ја намалува желбата за потреба на слатко и алхохол. Особено ова растение му се препорачува на повозрасни луѓе бидејќи го тонизира и закрепува телото, ја отстранува болката во половината, р’бетот и нозете, го подобрува работењето на срцето и дишниот систем, го стимулира варењето, ги намалува тумурите и ги прави надбубрежните жлезди да функционираат правилно.
Само со земање на сомниферата се покачува нивото на хемоглобин, како и колчеството на еритроцити и тромбоцити и се зголемува производството на цитотоксичките Т клетки – тип на бели крвни зрнца, кои што го убиваат ракот.
Оваа убавица се употребува и за изработка на козметички средства како за надворешна така и за внатрешна употреба.
Внатрешно го нормализира водниот баланс на кожата и ја отстранува ацидозата на ткивата. Со ова го враќа тонусот на кожата, подмладува и ја прави нежна и мазна.
Така на пример со земање на оваа тинктура од ашваганда без прекин од 4 до 5 месеци, се нормализира метаболизмот на естрогенот и ендометриумот, а со тоа се спречува развивање на миом на матката, се запира формирање на фибромиоми и мастопатии, а се нормализира и менструалниот циклус.
Земањето на тинктура од ашваганда е одлично за враќање во форма на ткивата после раѓање.
Фитостероидите кои што се наоѓаат во ашвагандата ги оптимизираат сите процеси, изобилуваат со анаболички ефекти, ја активираат синтезата на белковините, и помагаат во развивањето на мускулатурата.
Исто така фитостероидите ја активизираат работата на простатата и семениците а го подобруваат и квалитетот на сперматозоидите.
Ашвагандата помага и при труење со храна.
Таа можи да се зема и од деца и од возрасни. Кај децата оваа билка се користи за изработка на хормонот на раст а кај повозрасните таа се јавува како основно средство за закрепнување на коските и зглобовите,
Да не заборавиме и дека помага при незадржување на мокрачата.
За епилепсија се употребува заедно со уште една друга билка, но бидејќи сега зборуваме само за оваа во друга прилика поопширно ќе кажиме и за тоа.
Ашвагандата е одлична за користење после скршеници на коските,а ја употребуваме и во периодот на опоравување после операција. Што значи дека во многу тинктури не го користиме само гавезот туку и правиме мешавина према проценката на повредата. Не е само една билка. Најдобра е комбинацијата.
Оваа тревка помага и за намалување на нивото на млечната киселина со посредство на активизација на создавање на гликоген. Ова својство на ашвагандата активно се користи во бодибилдингот.
Го спречува и побелувањето на косата.
Го стимулира и активира коренот на влакното.
Запира инфекции, успешно се бори со првутот, со кршливоста на косата, ги активира фоликулите на влакната, а тука се и многуте патолошки состојби на кожата.
Помага за брзо зацелување на рани, ја подобрува состојбата на груба и сува кожа, го намалува нивото на кортизол, го стимулира производството на колаген, се користи како тоник за кожа и одлично се бори против инфективни заболувања на кожата.
Се користи и за аденом и аденокарцином на простатата, простатит, аднексит и алгодисменореја или болни менструации.
Ашвагандата го зголемува и крвотокот во органите на малата карлица, го нормализира метаболизмот на естрогенот,благопријатно делува на остеогенезата што значи ја запазува од зголемување кршливоста на коските па можи слободно да се искористи кај остеопорзи,остеохондрози,остеоартрози и сл.
Сомниферинот пак ја засилува активноста на ферментот пероксид дисмутаза и каталаза и ја повишува антиоксидантната заштита на клеточните мембрани.
Се употребува и кај дегенеративни процеси на нервите како на пример мултиплекс склероза и паркинсонова болест.
Со намалување на стресот се намалува и кортизолот со што се потиснува и чувството за глад и на тој начин се слабее.
Ашвагандата може да ја потисне и активноста на допаминските рецептори во стриатумот на мозокот(т.е плочкестиот дел во главниот мозок), кој што се активира при стрес, го елиминира вишокот кортикостерон во крвната плазма кој исто се создава при стрес, го намалува нивото на уреа нитрат и млечната киселина во крвта. Кажавме дека оваа билка има и смирувачки ефект сличен на оној од гама аминобутерната киселина или кратко кажано – ГАБА, и има антикомвулзивна активност т.е. е антиепилептик врзувајќи се за ГАБА рецепторите.
Можни ли се контраиндикации при земање на тинктура од Ашваганда? Не.
Прво – треба да се внимава да не е некој алергичен на оваа билка.
Второ – да бидиме претпазливи кога им ја даваме на Бебиња и мали деца .
Трето – да се избегнува земање во комбинација со лекарства, кои влијаат на имунитетот како и кортикостероидни лекови.
Непожелни ефекти
Можи да има ако бремени и жени кои дојат земаат поголемо количество од оваа билка.
Поголема пак доза од ашвагандата може да предизвика проблеми во варењето.