Сарсапарила
Сарсапарилата /Smilax officinalis/ е тропска билка од родот на смилакс (smilax), дрвена винова лоза и расти длабоко во прашумата. Таа е од семејството на Liliaceae. Стеблото на сарсапарилата ползи и достига до 50 см должина. Сарсапарилата има мали цветови, а плодчињата и се ситни, заоблени и обоени во црвено. Корените на растението се долги и танки. Тие се црвено кафеави и достигнуваат до 2 метри должина.
Постојат околу 350 вида сарсапарила. Најчесто растението вирее во тропските дождовни гори. Се среќава во Јамајка, Јужна Америка, Мексико, Карибите, Хондурас и др.
Многу врсти на смилакс спаѓаат во категоријата на Смилакс, вклучувајќи ги:
- japicanga
- febrifuga
- regelii
- aristolochiaefolia
- ornata
- Glabra
- officinalis
На латински, најпозната е под името Sarsaparilla, изведено од шпанските зборови zarzaparrilla (zarza – капина, parilla – мала лоза). Во Кина е наречена tu fu ling.
Останати имиња на сарсапарилата
Сарсапарилата ја има под многу различни имиња, зависно од јазикот и земјата на потекло. Ова се останатите имиња под кои можи да се сретни оваа билка :
- khao jen
- saparna
- smilace
- Smilax
- zarzaparilla
- jupicanga
- liseron epineux
- salsepareille
- sarsa
- ba qia
- salsaparrilha
Коренот од сарсапарилата глобално е познат по лековитите својства. Традиционално коренот се користел за лечење на гихт, гонореја, отворени рани, артритис, кашлица, грозница, висок притисок, болка, недостаток на сексуална желба, проблеми во варење на храната, па дури и некои облици на рак. Во Амазон некои племиња го користат како лек за лепра.
Во Европа како лек дошол во почетокот на 16 век од Јужна Америка. Европјаните го користеле коренот за потење и мокрење, како и за прочистување на крвта. Во 19 век се користел за лечење на сифилис, со многу подобри резултати од живата, која била вообичаен третман за таа лоша болест.
Историја на сарсапарилата
Веќе со векови месните племиња на Централна и Јужна Америка ги употребувале корените на сарсапарилата како традиционален лек при замор, проблеми со кожата, ревматизам и проблеми со потенцијата. Племињата од Перу и Хондурас применувале корените на сарсапарила при коскени заболувања и силна главоболка. Некогаш шаманите околу Амазон си служеле со билката надворешно и внатрешно кај псоријаза и лепра. Племињата во Јужна Америка земале од корените на сарсапарилата, кога се чуствувале уморени и при настинка. Благодарение на трговците од новиот свет, чудесната билка била пренесена во Европа. Од почетокот на 16 век па до сега, европските лекари наоѓаат се поголема примена на сарсапарилата.
Инаку, најдобро билката се покажала во пречистувањето на крвта. Ете зошто денес сарсапарилата е регистрирана како официјална билка, која што ја пречистува крвта, во националната фармакопеја на САД.
Состав на сарсапарилата
Сарсапарилата е толку чудесна билка, поради многуте лековити состојки кои се содржат во неа. Во растението се откриени етерични масла, минерални соли, смоли, стероидни сапонини, смилсапонин и сарсапонин, сарсапарилозид, сарсапагонин, смилагенин, полинастанол и многу други состојки.
Полза от сарсапарилата
Сарсапарилата е ценета билка, зашто може да излекува или барем да ги ублажи многу од заболувањата, со кои што се судираме во напнатото секојдневие. Таа го заштитува црниот дроб, ја ублажува реумата, го стимулира потењето, го зголемува лачењето на мокрачата, лекува воспаленија и ја намалува високата температура.
Билката ја прочистува крвта, се бори со штетните слободни радикали во нашиот организам, одлично влијае на тонусот на телото и го помага нашиот имунитет. Освен тоа ги уништува габите и бактериите и дејствува како клеточен заштитник.
Сарсапарилата е хормонален регулатор и кај двата пола. Билката без проблеми може да се комбинира и со други билки и лекарства во зависност од бараниот ефект. Најчесто се меша со ајдучка трева, бреза, невен, килавица, жен шен, магарешки трн, зајачки трн, чичок, трибулус, коприва, глуварче и др.
Народна медицина со сарсапарила
Во народната медицина сарсапарила се употребува при воспаленија, песок и камен во бубрезите и во мочниот меур. Успешно се користи при цистити, крв во мокрачата, проблеми со црниот дроб, губење на апетит, трипер, сифилис, кожни проблеми, гихт, шилци, цисти во јајниците и друго.
Во Латинска Америка растението се употребува при реума, артрит, настинка, проблеми с варењето на храната, псоријаза, различни венерични заболувања, полова немоќ и акни.
Во САД сарсапарилата е прв помошник при изтоштување после долго боледување, диабет, изгореници, гихт, артрит и реума. Уште се користи при очни инфекции, проблеми со мокрењето. Билката се употребува и при сифилис, стерилитет, при стрес и за отстранување на брадавици.
Во Мексико најмногу ја користат сарсапарилата при кожни проблеми. За местното население таа е незаменлив помошник при изгореници, егземи, кожни воспаленија и лепра. Уште ја користат и при диспепсија, нефрит, скрофулоза и дури против различни ракови заболувања.
Во јапонската народна медицина сарсапарилата е прв лек против пролив, дизентерија, труење со жива, маларија, уринарна инсуфициенција, абсцеси и чиреви.
Во Бразилија чудотворната билка се препишува при мускулна слабост, камен во жолчката, стерилитет, псоријаза, гихт и др.
Во Велика Британија ја земаат сарсапарилата при анорексија, истоштеност и абсцеси. Уште ја користат и за пречистување на крвта, при сифилис и други венеричнии болести, како антисептично и диуретично средство.
Ако после примањето на сарсапарилата, почуствувате болка во градите, гадење, вртоглавица, проблеми со дишењето или имате осипи на кожата, треба веднаш да престаните со употребата на сарсапарилата, зашто тука се работи за алергија.
Наспроти стогодишните искуства, сарсапарилата е сеуште премалку истражувана, но ја сврстуваат во билка на иднината. Објавените клинички студии посебно ги истакнуваат антиоксидативните својства и билните стероли на сарсапарилата корисни за човечкото здравје. Нејзиниот корен исто така содржи флавоноиди кои значително помагаат во лечењето на автоимуни состојби и воспаленија.
Едни од најфасцинантните состојки на сарсапарилата се сапонините кои и помагаат во одбраната од габички и инсекти. Тоа би можело да биде една од можните причини заради кои сарсапарилата има антигабични својства.
Сарсапарилата се покажала посебно корисна кај псоријаза. Во една студија, во група од 75 заболени од псоријаза, дури 62 % од нив, имале значително подобрување после користењето на сарсапарилата. Значителни подобрувања се забележани и кај други кожни болести.
Сарсапарилата одамна се користела како диуретик и како прекрасен чистач на крвта, со што се подобрува здравјето во целост и се намалува притисокот на црниот дроб и бубрезите. Помага и кај проблеми со белите дробови. Сарсапарилата појачува и закрепнува па со тоа го враќа нормалниот тон на ткивата.
Некои болести за кои има предност сарсапарилата :
1. Псоријаза
Предностите на коренот на сарсапарилата за лечење на псоријаза биле документирани уште пред 1 век. Една студија покажала дека сарсапарилата драматично ги подобрува лезиите на кожата кај луѓе со псоријаза. Истражувачите претпоставиле дека еден од главните стероиди на сарсапарилата, наречен сарсапонин, може да ги врзи ендотоксините одговорни за лезиите кај болните од псоријаза и да ги отстрани од телото.
Псоријазата не е типично инфективно заболување, но до голем степен се должи на ендотоксемијата, предизвикана од апсорбираните ендотоксини во крвта, одделени од патогенните бактерии во цревата. Сапонините ги врзуваат овие ендотоксини и ги исфрлаат од организмот. Освен тоа, тие пројавуваат гликокортикоидна функција и го потискаат воспалението и миграцијата на лимфоцитите кон местата на возпаление во кожата и во зглобовите. Предноста на сарсапарилата е помекото дејство и отсуството на тешките ефекти типични за кортикостероидите.
2. Артритис
Сарсапарилата е моќен противвоспалителен лек. Овој фактор ја прави корисна во лечењето на воспалителни состојби како што се ревматоиден артрит и други предизвикувачи на болки во зглобовите како и отоци предизвикани од гихт.
3. Рак
Неодамнешните студии покажале дека сарсапарилата има антиканцерогени својства кај канцер на дојка и канцер на црн дроб.
4. Заштита на црниот дроб
Сарсапарилата исто така покажала заштитна улога на црниот дроб. Истражувањата покажале дека флавоноидите кои што ги има во билката, можат да го променат оштетувањето на црниот дроб и да му помогнат да функционира во најдобар случај.
Афродизијак уште од грчко време
Етимологијата на сарсапарилата не е позната, но латинското име смилакс, доаѓа од грчкиот мит за трагичната љубов на Крокус и ноќната нимфа Смилакс.
Сожалувајќи се над тагата на Крокус после смртта на саканата Смилакс, боговите го претвориле во цвет на шафран, а Смилакс во билка што ползи. И шафранот и сарсапарилата се афродизијаци.
Билката делува одлично и за мажи и за жени. Има природен прогестерон, тестостерон и кортизон. Помага во стимулација на естроген кај жените. Исто така се користи за лечење на псоријаза и други кожни болести, ревматоиден артрит, болести на бубрезите, за зголемување на мокрењето и потењето. Се користи заедно со конвенционалните лекови за сифилис и лепра.
Контраиндикации
Ако се земаат нормални дози, нема никаков проблем при конзумирањето на сарсапарилата.
Бремените и доилките не треба да ја користат билката. Пациентите со нарушувањет на функцијата на простатат не треба да ја користат билката.