Сладок пелин


Сладок пелин

 

Слаткиот пелин е добро познат хербален лек кој се користи од пред неколку векови во кинеската медицина по своите исклучително лековити својства.

Слаткиот пелин е едногодишна зељеста билка, која потекнува од азискиот континент, од традиционалната Кина.

Може да нарасне до 2 метри во висина. Билката е користена за лечење на грозница пред 2000 години, а за лечење на маларија се користела пред 1000 години.

Денес пак, покрај своето природно живеалиште, култивирано се одгледува и во разни земји во светот како – Аргентина, Австралија, Бугарија, Франција, Унгарија, Италија, Шпанија, Америка и секако – Македонија.

Лековита состојка во слаткиот пелин е АРТЕМИСИНОТ,  кој се наоѓа во лисјата. Истражувањата покажале дека може да се искористи 40 % од артемисинот со едноставно припремање на чај.

Покрај артемисинот и неговите деривати, од билката сладок пелин, можат да се изолираат и стероли, кои имаат антивирусно делување. Етеричното масло од билката содржи камфор, кој е стимулатор на централниот нервен систем.

Се користи како анти-вирусен, анти-бактериски, анти-канцероген, анти-паразитски, анти-габичен, анти-воспалителен и анти-маларичен агент.

Во родот Артемисиа, покрај слаткиот пелин, Artemisia annua, спаѓаат и Artemisia vulgaris I Artemisia absinthium, но сите три билки се посебни, имаат различна употреба и не треба да се мешаат !!!

Што содржи ?

Слаткиот пелин содржи етерично масло, органски киселини, сесквитерпеноиди, тритерпеноиди, стероиди, алкалоиди, фенолкарбонова киселина, кумарини, флавоноиди, витамини Б2, Ц и К.

 

Анти – канцерогени својства

 artemisia-annua-piantina

Екстрактот од слаткиот пелин го инхибира растот и делбата на клетките на ракот и превентивно спречува метастази.
Слаткиот пелин има способност во превенција и лекување на многу видови на рак, вклучувајќи меланом, леукемија, рак на дојка, рак на дебелото црево, рак на јајниците, канцер на бубрезите, тумори на ЦНС и други видови на рак.

 

Слаткиот пелин има антивирусни својства против многу вирусни инфекции вклучувајќи инфлуенца А, херпес симплекс вирус тип 1 (HSV-1), Epstein-Barr вирус (ЕБВ), човечки цитомегаловирус (CMV), хепатит Б вирусот (ХБВ), хепатит Ц (HCB ), варичела зостер вирус (VSV) и пролив. Слаткиот пелин помага и кај вирусни инфекции, како што се инфективна мононуклеоза, енцефалитис и др.

Подготовка

 

Се зема 3 пати дневно по една чаша чај, а се подготвува на следниот начин:

 

1 кафено лајче од чајот, се прелива со 1 чаша врела вода.

 

Се остава 2 часа да се излади, потоа се прецедува и се пие во мали голтки половина час пред јадење.

 

Со чајот обавезно да се зема некој препарат кој содржи железо, бидејќи железото го носи артемисинот директно во ќелиите на ракот.

 

И препорачливо е да се зема витамин Ц, бидејќи витаминот Ц, го распоредува железото во телото.

 

 

Коментари

коментари