Јодна решетка

објавено во: Разно | 0

Јодна решетка – лековитите својства на прости линии

Јодната решетка може да ви покаже не помалку од дваесет различни заболувања и секако, како можете да го подобрите вашето здравје – откако ќе ја примените

Едно малечко шишенце јодна тинктура ви е доволна за да ви дејствува како моќно противвоспалително средство при контакт со кожата.

Како се прави јодна решетка ?

Јодната тинктура се нанесува врз кожата со помошта на чепкалка за чистење на уши – ја потопуваме чепкалката во 5% раствор на јод и цртате врз телото мрежа од вертикални и хоризонтални линии. Размерот на – клетките –  обично е околу еден до два сантиметри.

 

Продирајќи преку кожата во мускулните ткива и крвните садови, јодната тинктура има погубителен ефект врз патогените. Јодот чудесно се справува со бактериите, кои што навлегуваат во организмот преку порите на кожата.

За да се определи дали на вашето тело му недостасува јод од храната, доволно е да намачкате малку јод од внатрешната страна на бедрото.

Ако после 3 часа од него нема ни трага, вие имате недостаток на јод.

Ако јодот има време да се впие во кожата во текот на 6 до 8 часа, тоа значи дека имате мал проблем со примањето на јодот и може да вклучите во дневниот режим на исхрана морска риба, морски плодови и други производи кои го содржат овој елемент.

 

Кај потполно здрави луѓе, кои што не страдаат од недостаток на јод, трагите од решетката исчезнуваат кон крајот на денот.

Според статистиката, една третина од населението во светот страда од недостаток на јод во организмот, кое што причинува аномалии на штитната жлезда, при што кај бремените жени може да доведе до раѓање на деца со физички и ментални недостатоци.

Со што ни користи јодната решетка за настинка и грип ???

За оние, кои што бараат начин, како брзо да го излечат течењето на носот, јодната решетка е одлично решение.

Во овој случај се нанесуваат многу танки и прецизни линии на носот и лево и десно од носот. Препорачливо е да се постапува многу внимателно, бидејќи на лицето како и на вратот, постои ризик од формирање на изгореници – кожата станува црвена и почнува да се лупи. При настинки, јодната решетка се исцртува на петиците и на листовите.

Јодна решетка за модринки

Ако не знатете, како да отстраните модрица, тогаш истата универзална јодна решетка ќе ви помогне повторно. Точно е, јодната решетка не треба да се користи во првите неколку часа од нејзиното појавување. Се препорачува тоа да се направи, еден ден по појавувањето на модринката. Точниот пристап на лечење на модринка е – првиот ден да се стави мраз во крпа и да се притисне на модринката. Додека вториот ден ја третираме со јодна решетка.

Јодна решетка при кашлица

Какви и да се причините за сува кашлица, јодот може да ја спречи уште на самиот почеток. Проникнувајќи во кожата и крвните садови, јодот ја забрзува циркулацијата, но јодна решетка за оваа дијагноза се препорачува само ако телесната температура не преминува 38 степени.

Јодна решетка при бременост

Жените, кои се подготвуваат да станат мајки, им се препорачува  да ја употребуваат јодната решетка за исполнување на дефицитот на јод во организмот. Покрај тоа, ова средство помага да се справите со признаците на настинка, бидејќи бремените жени треба да бидат посебно внимателни при изборот на готови фармацевтски лекови,  а јодот се смета за еколошки и безбеден лек.

Работи на кои мора да внимаваме !!!

Јодната решетка се нанесува само на неповредена кожа !

Таа не се прави на деца под 1 година, зашто нивната кожа е премногу нежна и може да доведе до изгореници !

Се забранува употребата на јодна решетка кај : хипертиреоза, тиреотоксикоза, радиотерапија со јод!!!

Јодот нанесен на кожата, дејствува само на местото каде што е нанесен и не се распростанува во организмот. Затоа лесно може да се види каде има недостаток на јод во телото.

Пред првото нанесување, направете проба на вашето тело…..нанесете само една мала капка јод на кожата.  При првите знаци на алергија, брзо избришете ја капката и земете апче против алергија.

Како делува јодната решетка ?

Лековитиот ефект на јодната решетка може да се објасни на овој начин:

Се засилува циркулацијата во проблематичната зона, се шират крвните садови, во болниот дел има прилив на крв, која со себе  носи заштитни клетки и брзо се отстрануваат метаболичките производи, со што се забрзува процесот на лекување. Така што овој метод, како дополнителен може да се употреби при акутни респираторни вирусни инфекции, ларингит, трахеит, ангина,  бронхит, мијалгија, пневмонија, остеохондроза, модрици и други болести.

Коментари

коментари