За лек се користи кората и листот против изгореници, замрзнатини, чиреви на желудникот и дванаестопалачното црево, рани, посекотини, абразија.
Се употребува за стомачни проблеми, колитис, пролив, цистит и метрит (воспаление на матката).
Повеќето од фитотерапевтите го препорачуваат брестот за кожни болести, дерматити, егземи итн.
Исто така наоѓа примена во лечење на трипер, крварење, грчеви во стомакот и цревата, кашлица, болки во грло, гинеколошки проблеми и слично.
Надворешно се користи за компреси за гнојни рани, суви лишаи, за облоги против чиреви и др.
Наоѓа примена и кај лечење на хемороиди,
Рецепт за чај од брест:
1 супена лајца иситнета кора се вари 15 минути во половина литар вода. Се остава да се излади. После 45 минути се прецедува и кон добиената смеса додајте вода за повторно да се добие половина литар.
Одварот се пие по 1/4-1/2 чаши 3-4 пати на ден 20 минути преди јадење.
Препаратите од брест имаат адстригентно(стегачко), противвоспалително, диуретично и тонизирачко дејство.