Елефтерокок (Eleutherococcus senticosus)

Сибирски жен – шен или елефтерокок

Латинско име му е Eleutherococcus senticosus

Тој е од фамилија Araliaceae.

Лековито име на коренот  Eleutherococci radix

Историја

По своите својства елефтерококот е близок со жен шенот, и затоа него го нарекуваат Сибирски жен шен. Заради опасниот долг трн кој што го има, познат е под името „ не задевај ме“ или „ѓаволска грмушка“. Билката од дамнина се користи во Русија и Кина за оджување и активирање на одбрамбените способности на организмот.

Жителите на тајгата секогаш го користеле сибирскиот жен шен за зголемување на издржливоста и квалитетот на животот и за спречување на инфекции.

Делотворни супстанции:

Лековит дел на билката е коренот. Содржи елефтерозиди А, В, В1, С, Д, Е, F и G,(сапонински гликозиди) лигнани, флавоноиди, етерични масла, кумарини, стероли(ß-ситостерол), растителни восоци, смоли, нишесте. Содржи селен и стронциум. Главната состојка е елефтерозид Е.

Лисјата содржат витамин Ц, олеинова киселина и бета каротин.

Делување:

Елефтерококот е адаптоген, бидејќи екстрактите од билката помагаат при прилагодување на стрес. Забележани се позитивни промени на учинок на стрес предизвикан од промена на температура, диета, вежбање и слично. Регулациското делување на елефтерококот се покажало корисно кај Метеопатите – луѓе кои се осетливи на временски промени.

За што се помага елефтерококот :

  • Подобрување на телесна и психичка кондиција
  • Зголемување и зајакнување на отпорноста на срцето и крвотокот
  • Го намалува ризикот од онколошки болести како и појавувањето на метастази во другите органи
  • Ја намалува раздразливоста
  • Хипогликемично својство – Го намалува шеќерот во крвта
  • Одлично влијае на квалитетот на видот и слухот
  • Го подобрува метаболизмот
  • Одличен кај неврастенија, психастенија, како и други функционални истоштувања на нервниот систем
  • Намалена работоспособност
  • За брзо опоравување (после операции)
  • Се користи во козметиката зашто му дава свеж и млад изглед на лицето, го враќа здравјето на кожата
  • Го зголемува имунитетот
  • Стерилитет кај жени
  • За зголемување на потенција и профилактика кај аденом на простата
  • За опаѓање на косата и почетна форма на келавост
  • За лечење на гингивит и стоматит
  • За профилактика на болести на желудникот, црниот дроб и уринарниот тракт.
  • Рани кои тешко заздравуваат
  • Алкохолизам
  • Патолошки климактериум

Контраиндикации :

Не се препорачува на луѓе со висок крвен притисок, при висока температура, бременост, мастопатија, инфаркт на миокард, несоница.

Реакција со други лекарства:

Го засилува дејството на стимулатори на ЦНС (централен нервен систем) и аналептиците, природен ангагонист на средствата  кои што го потиснуваат ЦНС (барбитурати, транквилизатори, против епилептични средства и слично).

Се користи за борба против атеросклероза и нејзино лечење во почетен стадиум.

Прекрасни резултати при хипотонии и аритмии.

Одличен е при комплексна терапија кај онколошки болести – ги намалува несаканите ефекти кај хемотерапијата.

Најдобро проучено е антинаркотичното делување на елефтерококот. Востановено е дека ова растение го скратува сонотворниот ефект на барбитал натриумот(Barbitalumnatrium), хлоралхидратот, тиоптенал, хексенал и слично.

Исто така добро познато е неговот својство при акутни и хронични труења со етанол.

Наспроти дејството на елефтерококот, ослабуваат ефектите на : адреналинот, аминазинот, натриум салицилат…..Се намалува токсичноста на индолот, алоксанот, хлористо – водородните соли на трихлоретиламинот, 6 – меркатопуринот, циклофосфамидот, тиофосфамидот, сарколизинот и рубомицинот Ц.

Употребата на елефтерококот пред операција, покажува дека пост оперативниот период кај тие пациенти, поминува одлично.

Елефтерозидите, кои ги содржи елефтерококот,  позитивно влијаат врз здравјето на луѓето. Тие го подобруваат метаболизмот, помагаат во распаѓањето на мастите и ги претвораат јаглехидратите во енергија, ја намалуваат концентрацијата на “лошиот холестерол” и го нормализираат нивото на хемоглобин во крвта.

Адаптогените својства  на билката му помагаат на телото подобро да се справи со бактериите и вирусите кои предизвикуваат болест. Овие својства го зголемуваат  имунитетот и ги активираат човечките сили за справување со стресни ситуации. Ова е посебно актуелно во меѓусезона, каде е  зголемен ризикот  од грип или настинка.

Тонизирачките својства на елефтерококот ја подобруваат емоционалната и физичката состојба на човекот. Исчезнуваат меланхолијата, апатијата, депресијата, нервозата и раздразливоста. Затоа средствата на база на оваа билка често се користат во психијатријата за да се спречат нападите, да се намали нивната тежина и времетраење. Со систематска употреба се зголемува тонусот на телото и се намалува заморот.

Стимулирачките својства на растението го зголемуваат работниот капацитет и издржливоста на луѓето. Помага да се справите со ментална преумора, да го совладате тешкиот физички и психо-емоционален стрес. Позитивно влијае на активноста на мозокот, што, пак, ја подобрува перцепцијата, слухот, видот, мирисот и допирот.

Неговите лековити својства го забрзуваат заздравувањето на ткивото и рехабилитацијата во постоперативниот период. Затоа, елефтерококот често се користи за лекување на надворешни хируршки конци,  помали рани, гребнатини и модринки.

Има стимулирачко дејство на надбубрежните жлезди и јајниците.

Елефтерококот е онкопротектор (репарационен антимутаген). Тој го намалува ризикот од онколошки заболувања, го спречува појавувањето на туморски метастази во други ткива. Растението е едно од најдобрите антитоксични агенси во хемотерапијата со циклофосфамид, тиофосфамид, сарколизин и голем број други цитотоксични лекови без намалување на нивниот терапевтски ефект.

Со употребата на тинктурата од елефтерокок кај слаби деца, бројот на Т-лимфоцитите се зголемува, нивото на лизозим, IgA и IgM се зголемува. По текот на третманот со екстракт од билката (14 дена по 1 капка за 1 година на животот на детето 2 пати на ден), децата не се разболеле 4-5 месеци.

Коментари

коментари