Ларингит е воспаление на гркланот (ларинкс) и скоро секогаш се добива од респираторен вирус.
Симптоми се : зарипнатост, притисок во грлото, лесна болка, кашлица, може да се појави и отежнато дишење, замор и повишена температура.
Со преглед се гледа симетрично црвенило на гласните жици со леплив секрет помеѓу нив. воспалението може да се смири после неколку ден додека зарипнатоста може да трае и подолго т.е две до три недели.
Давајте топли чаеви од следниве билки : маточина, камилица, мајкина душица, ехинацеа, цвет од бозе или црвена детелина.