Кисело млеко

8 добри карактеристики  на домашното кисело млеко

 

 

Постои еден млечен производ кој сите го познаваме уште од детството и кој е докажано здрав.

Станува збор за киселото млеко, пијалок кој се добива со ферментација на млекото.

Во млекото се додаваат бактерии Lactobacillus bulgaricusStreptococcus thermophilus.

Се смета дека прв пат киселото млеко настанало сосема случајно додека еден номад патувал во Азија носејќи млеко во дисаѓите.

Во текот на долгото патување тоа млеко, на негово изненадување, се згуснало и се претворило во вкусен и супер здрав пијалок – кисело млеко.

Денес постојат полно различни шарени млечни производи на полиците во продавниците.

Но, големо е прашањето колку корисни состојки се зачувани во нив а колку е додадено лоши состојки.

Затоа, ако сакате да бидете потполно сигурни во тоа што јадите, впуштете се во едноставна изработка на сопствен јогурт и кисело млеко.

Корисни состојки на млекото

Пробиотици или добри бактерии

Во вашиот гастроинтестинален тракт, живеат таканаречени „добри бактерии“ кои го чуваат вашиот имунитет и целото здравје.

Бидејќи стресот, лошата исхрана, пушењето и лековите,  можат многу да ја нарушат нивната рамнотежа, од голема важност е дополнително да се земаат пробиотици.

Пробиотици посебно се препорачуваат со и после терапија со антибиотици, кои освен лошите ги уништуваат и добрите бактерии во цревата.

 

Тест – како да се провери дали јогуртот или киселото млеко содржи пробиотици:

Неколку лајци кисело млеко или јогурт промешајте со чаша топло млеко.

Добиената мешавина оставете ја да стои до утрото.

Ако млекото се згуснало, тоа значи дека содржи живи култури.

Минерали

Киселото млеко содржи многу минерали:

  • Јод, кој ја регулира работата на штитната жлезда
  • Цинк, кој го појачува видот и коските
  • Калциум и калиум кои помагаат во исфрлањето на вишокот на сол од организмот
  • Магнезиум, кој придонесува за здравјето на срцето и мускулите

Витамини

Познато е дека киселото млеко изобилува со витаминот Б5, кој е неопходен за здравјето на кожата, косата, очите и црниот дроб.

Содржи и голема количина на витамин Б12, кој го чува здравјето на нервниот систем и спречува анемија поттикнувајќи го производството на хемоглобин.

8 причини за редовна конзумација на кисело млеко

1. Спречува остеопороза

Ако не внесувате доволно калциум, вашето тело го „кради“ од коските и тука можат да се појават разни проблеми со здравјето на коските, вклучувајќи ја и остеопорозата.

Калциумот, посебно ако се комбинира со витаминот Д, придонесува за зачувување на коскената маса.

Посебно е делотворно кај жени во менопауза.

2. Го снижува крвниот притисок 

Зголемено внесување на сол, може да доведе до појава на висок крвен притисок.

Ете баш затоа, со редовно земање на кисело млеко, кое изобилува со калиум, тој ризик можи да се намали и до  50%.

Киселото млеко ставете го во вашето мени ако имате висок крвен притисок  бидејќи вашиот притисок  полека ќе почни да се намалува.

3. Ја помага работата на системот за варење 

Бидејќи се добива со ферментација, киселото млеко  содржи добри и корисни бактерии како оние кои природно се наоѓаат во вашите црева.

За обнова на цревната микрофлора посебно е корисно киселото млеко со додаток на пробиотици.

Овие добри бактерии го подобруваат и поттикнуваат варењето, ублажуваат болки во стомакот, помагаат при запек, пролив и синдром на надразнето црево, а со тоа го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.

4. Дава чуство на ситост и помага за слабеење

Белковините присутни во киселото млеко поттикнуваат чувство на ситост.

Затоа е добро овај продукт да се зема во утринските часови. Така што до ручек, нема да имате потреба за дополнителен оброк.

Ќе забележите дека и вашите килограми полека се топат.

Всушност, калциумот од киселото млеко им сигнализира на вашите масни станици да бараат помалку кортизол – хормонот на стрес, кој придонесува нивно произведување и чување, додека аминокиселините поттикнуваат согорување на калориите.

5. Ги опоравува мускулите и ја зголемува енергијата

Киселото млеко ги снабдува вашите мускули со аминокиселини и така ги прави посилни.

Тоа е посебно корисно ако се занимавате со спорт или сте изложени со некои посебни физички оптеретувања.

Обилноста со белковини го прави киселото млеко прекрасно јадење после интензивно вежбање.

6. Ја спречува појавата на алергии

Предуслов за развој на алергија е недостаток на здрави бактерии во цревата.

Бидејќи киселото млеко ги содржи баш тие бактерии, тоа ги јакне имунитетот во цревата и ја зголемува отпорноста на инфекции.

Истражувањето покажало дека луѓето кои јаделе околку половина килограм кисело млеко дневно, после 4 месеци имали пониско ниво на хистамин и помалку симптоми на поленова грозница.

А занимливо е тоа дека децата, чии мајки во текот на бременоста редовно јаделе кисело млеко, исто така се отпорни на алергии.

7. Ги ублажува симптомите на настинка и грип

Пробиотиците го поттикнуваат развојот на леукоцитите, т.е крвните станици заслужни за одбрана на организмот од болести.

Благодарејќи на консумацијата на кисело млеко со живи култури, траењето на настинката се скратува за 2 дена, а симптомите на грип се намалуваат за  35%.

8. Ги намалува вагиналните инфекии

Спрема истражувањата, жените кои боледуваат од  Candide albicans со редовна конзумација на кисело млеко, можат да ја намалат оваа габична инфекција. 

Тоа е затоа што живите култури од киселото млеко ја враќаат рамнотежата на микроорганизмите во телото .

Како да направите домашно кисело млеко во три едноставни чекори

Домашното кисело млеко, за разлика од она купечкото, се одликува со посебна фина кремаста структура.

Неговата дополнителна предност е и тоа што лесно можете да го подготвите. Изработката на домашно кисело млеко не бара посебна опрема во кујната.
Освен тоа навистина ќе бидете сигурни во неговиот квалитет.

 

Состојки:

  • 1 литар свежо домашно млеко
  • 1,5 децилитар кисело млеко или јогурт

 

1. чекор:

Свежото млеко загрејте го скоро до варење па оставете го да се излади на 35-40 степени (проверете со кунјски  термометар).

 

2. чекор:

Во топлото млеко додајте го киселото млеко или јогурт за квас.

Пазете – млекото не смее да биде ниту претопло ( бидејќи ќе ги уништи бактериите кои се наоѓаат во киселото млеко ), ниту преладно ( бидејќи бактериите во киселото млеко во тој случај нема да се разможат).

 

3. чекор:

Сето добро измешајте го, покријте го и оставете го да отстои од 5 до 24 часа на собна температура. И вашето домашно кисело млеко е готово !

Пред конзумирање одвојте 2 лајци од млекото за следно подготвување.

Припременото кисело млеко  конзумирајте го што побрзо, бидејќи што повеќе стои, тоа повеќе губи од своите вредни состојки. Или пак да се чува на ладно и со тоа ќе се зголеми времето за негова употреба.

Како квас можете да користите и павлака која ќе придонесе вашето кисело млеко да биде погусто.

Ако се одлучите за квас со помалку масленост, ќе добиете кисело млеко со поретка структура.

 

Коментари

коментари